27.11

Повеќе од обука – вистинско менторство!

Знаење што останува, самодоверба што расте и пријателства што продолжуваат и по завршувањето на обуката.

Прочитајте ги искрените впечатоци на нашите учесници!

Кристина Спасовска, економист, управител во Ортопедија Илинден

Почитувана Кристина,

Сакам искрено да Ви се заблагодарам за сè што направивте за нас за време на оваа обука.

Вистинска реткост е да се сретне човек со толку големо знаење, а уште поголема доблест е тоа знаење да го споделува со толку многу трпение, разбирање и поддршка.

Обуката по сметководство беше одлично организирана и претставуваше вистинска инвестиција во знаење. Благодарение на Вас, од оваа обука излегувам со многу поголема самодоверба, нови знаења и цврста основа за понатаму.

Ви благодарам што не бевте само одличен предавач, туку и вистински ментор. 

Ви посакувам сè најубаво, многу здравје и уште многу успеси на секое поле!



Александар Најдов, помошник сметководител во детска градинка, Кавадарци

Обуката по сметководство на Нова Консалтинг, под водство на нашата прекрасна менторка Кристина Тилиќ, беше многу повеќе од стекнување нови знаења. Ни овозможи да го осознаеме сметководството во стопанството во целост и да стекнеме поголема сигурност во сопствените способности.

Секоја тема ни беше презентирана на јасен и разбирлив начин, со многу трпение, посветеност и поддршка.

Заедничката работа на проектите, меѓусебната поддршка, дружењето и убавите моменти поминати со целата група ќе останат во сеќавање како уште една успешна и драга животна приказна.

Почитувана Кристина, Ви благодарам за споделеното знаење, за Вашата посветеност и за прекрасната атмосфера во која учењето беше вистинско задоволство!



29/11/2026