Не ни верувајте нам?
Прочитајте ги искрените впечатоци на нашите учесници!

-Елизабета Иванов, економист во адвокатска канцелатија Мустафа Хајрулахи
Голема благодарност до Нова Консалтинг и до прекрасната менторка Кристина Тилиќ, која со своето искуство, професионалност, знаење, посветеност и практичен пристап ја направи оваа обука навистина вредна и корисна.
Ви благодарам за секој споделен совет, секоја јасно објаснета лекција и секој момент во кој нè охрабрувавте да веруваме во себе.
Вашиот пристап и посветеност ни покажаа дека вистинското знаење се пренесува со љубов, желба и искрена грижа за секој учесник.
За мене, оваа обука не беше само можност за стекнување нови знаења, туку и прекрасно животно искуство, исполнето со меѓусебна поддршка, мотивација и пријатна атмосфера.
Од срце ја препорачувам оваа обука на секој што сака да стекне практично знаење, да напредува во кариерата и со поголема самодоверба да чекори во сметководствената професија.

-Мелита Брезева, сопственик на компанија Електрон-Велес
Со новите работни обврски ми се наметна потреба од обука за сметководство. По долго размислување ја избрав PKF Нова Консалтинг и денес можам да кажам дека тоа беше вистинската одлука.
Обуката целосно ги надмина моите очекувања. Позитивно бев изненадена од начинот на кој сложените сметководствени концепти ни беа објаснети на едноставен и разбирлив начин, поткрепени со бројни практични примери.
Оваа обука ми ја даде потребната самодоверба и практичното знаење, кое веднаш почнав да го применувам во мојата работа.
Од срце ја препорачувам ПКФ Нова Консалтинг и прекрасната Кристина Тилиќ – предавач кој навистина си ја знае својата работа и не дозволува ниту еден учесник да замине без знаење.

-ПКФ Нова консалтинг 03.07.2026