29.03

Не само курс – реална подготовка за работа!

Нашите учесници најдобро ја раскажуваат приказната – еве како ја доживуваат обуката и знаењето што го стекнуваат!

Ви благодарам пред сè за знаењето од областа на сметководството што ни го пренесовте во овие неколку месеци, а секако и за убавото дружење во текот на обуката.

Начинот на предавање беше јасен, разбирлив и многу практичен, што многу ми помогна полесно да ја совладам материјата. 

Посебно би го издвоила работењето на проектите, преку кои имав можност реално да го применам наученото и значително да го зацврстам знаењето.

Токму практичниот дел и работата на конкретни примери ми дадоа поголема сигурност и самодоверба дека можам успешно да го применам стекнатото знаење во работа.

Се чувствувам задоволно и исполнето со нови знаења, но и мотивирано да продолжам понатаму во оваа област.

Ви благодарам за трпението, посветеноста и поддршката во текот на целиот процес!

Катарина Србиновска, економист
ФД Интерфинанце



Сакам искрено да ви се заблагодарам за обуката по сметководство и за сета поддршка што ни ја дававте во текот на целиот процес.

Како дипломиран економист на Економски факултет, имав основно познавање од сметководството, главно поврзано со билансот на состојба и билансот на успех. Во рамките на оваа обука, за релативно краток период успеав да ги совладам сите клучни и практични аспекти кои реално се бараат и применуваат во секојдневната пракса.

Особено би сакал да ја истакнам вашата лична посветеност и мотивација. Вие бевте дополнителен поттик за мене да продолжам и целосно да се ангажирам во обуката, што навистина ми значеше многу. 

Проектот што го изработивме ми овозможи практично да го применам стекнатото знаење и значително да го продлабочам моето разбирање на сметководството. Искрено сметам дека без оваа обука немаше да можам да стекнам вакво знаење за толку кратко време. 

Како невработено лице, верувам дека ова искуство ќе ми отвори нови можности за вработување и понатамошен професионален развој.

Ви благодарам уште еднаш за вашиот труд, трпение и мотивација!

Билјана Јакимовска, дипл. економист, невработена


Голема благодарност до професорката Кристина Тилиќ, која навистина многу ми помогна да го надградам моето знаење и да стекнам поголема сигурност при примена на истото во мојата работа.

Обуката ми помогна да ги продлабочам практичните аспекти на сметководството и да пристапувам со поголема самодоверба во секојдневните работни предизвици.

Обуката беше одлична комбинација на теорија и пракса, што ја направи многу полесна и поинтересна за следење. Покрај знаењето, стекнав и убави спомени, искрена дружба и нови пријателства.

Топло ја препорачувам обуката на сите кои сакаат да напредуваат и да стекнат практично применливо знаење, без разлика дали се почетници или веќе работат во оваа област.

Виолета Андоновска, внатрешен ревизор, Биро за развој на образованието



„Обуката беше одлично организирана и исклучително корисна, со јасен и практичен пристап во пренесување на знаењето.“

Обуката по сметководство што ја посетував беше одлично организирана и навистина корисна. Професорката покажа високо ниво на професионалност, трпение и јасен начин на предавање, збогатен со многу практични примери.

Искрено сум благодарна за стекнатите вештини, поддршката и посветеноста во текот на целата обука и со задоволство би ја препорачала на сите што сакаат квалитетно сметководствено усовршување.

Маја Димова, екононист, Здравствен дом Велес


Скопје, 29.03.2026