Искуство од професионалец со долгогодишна кариера, кој преку обуката направи значаен чекор во унапредување на своите компетенции:
Со особена чест и почит ја изразувам мојата највисока благодарност и препорака за ПКФ Нова Консалтинг како реномирана институција која обезбедува високо квалитетна, стручно конципирана и професионално реализирана едукација во областа на Сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финаниски извештаи.
Следењето на оваа обука имаше значајно влијание врз унапредувањето на моите професионални компетенции, особено во делот на систематско разгледување и правилно разбирање на финансиските извештаи.
Стекнатите знаења овозможија суштински и прецизен пристап кон сметководствените информации, со јасно согледување на нивната поврзаност со деловните процеси.
Ова претставува особена вредност за мене како лице со завршено високо образование инженер по биотехнологија и со повеќе од петнаесет години професионално искуство во областа на набавки/комерција и сметам дека претставува исклучително вредна инвестиција во мојот професионален развој.
Посебно го истакнувам високиот професионализам, експертизата и педагошкиот пристап на професорката Кристина Тилиќ, чиј јасен, методолошки прецизен начин на предавање ја прави материјата целосно разбирлива и за лица без претходно формално образование во оваа област, а воедно доволно предизвикувачка за да поттикне продлабочено размислување.
Александра Нанева,
инженер по биотехнологија, МИК Св.Николе
