04.08

Сторно сметки...

Во „Службен весник на РСМ“, број 98 од 2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања кој влегува во сила на 29 мај 2019 година.

Со измените на законот се пропишува:

  • Задолжително прикачување на оригиналната сметка со сторно сметката (се дополнува член 10 од Законот),
  • Рокот за сторно е 15 мин и важи за сторнирање сметка за пијалаци и храна во ресторани, кафулиња, дискотеки и во обложувалници. Се пропишува временско ограничување од 15 минути за сторнирање сметка за пијалаци и храна во ресторани, кафулиња, дискотеки и во обложувалници, како и приложување на фискалната сметка кон сметката којашто се сторнира (нов член 10-а во Законот),
  • При издавање на сметка ќе мора да се наведе и начинот на плаќање дали е во готово или со картичка,
  • Се проширува содржината на фискалната сметка ‐ се бара задолжително да стои опис и количина на прометот на добро, односно услуга, како и задолжителниот опис на плаќањата или делумните плаќања (се пропишува нов член 5‐б во Законот),
  • Се пропишуваат промени во однос на изрекување на мерката забрана за вршење на дејност во случај на повреди од Законот (се менува член 20‐а од Законот). Во случај на повторување на прекршоците од страна на даночните обврзници, со измените се пропишува и забрана за вршење на дејност во деловна просторија на определен временски рок.


Превземи го Законот..