25.08

Што е друг доход ? (закон за данок на личен доход)

Што е друг доход (член 71 од Законот за личен доход, со примена од 01.01.2019)

Согласно МИСЛЕЊЕ НА УЈП ОД 18.04.2019 ГОДИНА следните трошоци се оданочуваат како ДРУГ ДОХОД согласно член 71 од ЗДЛД со примена на стапка од 15% т.с. со нето пресметковна стапка 17,647% која се применува на фактурираната вредност на трошоците:

  • трошоци за сместување и превоз платени на товар на правно лице за надворешни лица ангажирани со договор за извршување на услуги за исплатувачот и за гости/деловни партнери кои не вршат услуга за исплатувачот,
  • подароци од правно лице кон вработени лица и надворешни лица,
  • трошоци за сместување и превоз за вработени кои учествуваат во тим билдинг организиран од работодавач доколу не станува збор за обуки кои се задолжителни согласно закон,
  • трошоци кои ги плаќа работодавач во корист на своите вработени за користење на спа центри, фитнес, спортски сали, исхрана во ресторан (која не е организирана исхрана по дефиниција),
  • премија по основ на менаџерско осигурување, платена од друштвото во кое лицето е менаџер, во случај кога полисата за менаџерско осигурување е комбиниран осигурителен продукт, со компонента на животно и неживотно осигурување (се оданочува согласно член 68 точка 2 на ЗДЛД односно како неживотно осигурување),

Согласно Законот за данок на личен доход, друг доход во смисла на овој закон е секој доход кој не се смета за доход на физичките лица од членот 3 став (1) точки 1), 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 9) и 10) од овој закон и не е изземен од оданочување со одредбите од членот 12 од овој закон.

Примери за друг доход:

  • платен годишен одмор, платен викенд во хотел во корист на физичко лице вработено или невработено во друштвото,
  • давање новогодишни пакетчиња,
  • стипендии за стекнување диплома за формално образование, донирани парични средства, кои не се дадени согласно Законот за донации и спонзорства од јавен интерес

Како друг доход, во смисла на овој закон, се смета и доходот остварен од:

  • продажба на корисен цврст отпад,
  • доходот остварен со електронска трговија преку интернет,
  • доходот од маркетиншки интернет услуги,
  • износот на неискористената финансиска помош од членот 12 точка 31) од овој закон, износот на неискористените донирани финансиски средства од членот 12 точка 32) од овој закон, и
  • кусоци во трговијата кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице.

Основа за пресметување на данокот на доходот – друг доход е бруто-доходот.

По исклучок на ставот, основа за пресметување на данокот на доход за доходот од продажба на корисен цврст отпад, претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 50%.             

Пример: Физичкото лице ХХ продало метален отпад од железо на Правното лице УУ. За откупеното железо на физичкото лице му била направена откупна белешка.

Бруто договорен надомест   250.000 денари, Нормирани трошоци (50%)  125.000, Даночна основа  25.000, Данок на доход (15%) 18.750, Нето за исплата 231.250.


Пример: Кусоци во трговијата кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице.  

Кусок 50.000, ДДВ (18%) 9.000, Даночна основа за данок од доход 59.000, Данок на доход со пресметковна стапка (17.6471%) 10.412.              


Пример: Физичкото лице ХХ продава добра преку интернет. Купувачите плаќаат со банкарска картичка, а испораката на предмети го врши на врата на купувачите. За месец февруари 2019 година лицето остварило доход од 80.000 денари. До 10-ти наредниот месец треба да поднесе пресеметка во системот на Е-ПДД (Вид на приход Т11 – друг доход Под приход С11.2 – друг доход). 

Бруто доход 80.000, Данок на доход (15%) 12.000, Нето доход 68.000.


Пример: Физичко лице во текот на месец Јули 2019 година има девизен прилив од Германија за услуги поврзани со рекламни услуги на Facebook.  До 10-ти наредниот месец треба да поднесе пресеметка во системот на Е-ПДД (Вид на приход Т11 – друг доход Под приход С11.2 – друг доход). Бруто доход (прилив на сметка) 20.000, Данок на догод (15%) 3.000, Нето доход 17.000.



Пример: Друштвото ХХ која се занимава со производство на сокови за нова година на сите свои вработени (50 вработени) донела одлука да им подари по еден пакет сок (10 литри). Сокот на залиха се води по набавна цена од 30,00 денари за литар.

Вкупно сокови 500 парчиња
Набавна вредност на 1 литар 30 ден.
Вкупна набавна вредност 15.000 ден + ДДВ 2.700
Даночна основа за пресметка на данок на ЛД 17.700 

Данок на доход (17,6471%) = 3.124, (Пресметан данок на личен доход по вработен (3.124/50=62,47). Друштвото до 10-ти наредниот месец треба да поднесе пресметка во системот на Е-ПДД за сите 50 вработени.


Пример: Друштвото ХХ донело одлука на лицето Петар Стефановски да му се даде парични средства на име помош за лекување во износ до 20.000 по предходна акција  објавена во медиумите за собирање на парични средства за лекување.

Парите се префрлени на трансакциската сметка на лицето отворена наменски за собирање на финансиска помош за лекување. Друштвото не побарало документација ниту фактура за лекување од медицинска установа, што значи дека нема услов за користење на поволности од член 12 став 1 точка 31 од Законот за данокот на личен доход (нема фактура или профактура).

Нето доход од помош за лекување 20.000. Данок на доход со пресметковна стапка (17,6471%) = 3.529.