20.02

Нов предлог закон за водење на сметководство

Од страна на Министерството за финансии изготвен е Нов Предлог Закон за вршење на сметководствени работи кој по усвојување од страна на Владата на РМ, истиот е доставен до  Собранието на РМ на негово конечно усвојување. Ова предлог Законско решение на 18-ти февруари 2019-та година ќе биде предмет на прво читање во Собранието на РМ.

Со новото предложено законско решение по повеќе од 6 години од донесувањето на постојниот Закон за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РМ” бр. 95/2012; 102/2013; 188/2013; 27/2014; 154/2015; 192/2015; 23/2016; 190/2016; 193/2017) се предлага целосно нов законски текст со кој се прави обид за надминување на голем број на проблеми кои се појавија во досегашната имплементација на Законот, од организациска, но и од професионална природа.

Превземи