05.04

Нов закон за Јавни набавки

Со новиот Закон за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ бр. 24/19), се врши усогласување на нашето законодавство со законодавството на Европската унија и општите принципи и начела на јавните набавки преку кои треба да се обезбеди слободна конкуренција во јавните набавки и рационално трошење на јавните средства. 

Законот за јавни набавки, стапи на сила на 09.02.2019 година, а во примена е од 01.04.2019 година. 

Со денот на започнувањето на примената на овој закон, престанa да важи Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ број 136/07…83/18). Одредбите од членовите 29 и 123 од Новиот Закон за јавни набавки кои се однесуваат на резервирани договори ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2020 година, додека одредбите од членот 48 кои се однесуваат на електронскиот пазар на набавки од мала вредност, ќе започнат да се применуваат од 1 јули 2020 година.

Закон за јавни набавки