28.05

Наплата до 500 евра

Од 1 Јуни стапува на сила забраната за плаќање со готовина од и над 500 евра

Согласно член 182 став 2 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) од 1 Јуни 2019 година забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Од 1 јуни 2019 година, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 500 евра при поединечна трансакција.

500 и над евра наплатата ќе може да се изврши:

  • со платежни картички, или 
  •  со упатување на купувачот плаќањето да го изврши преку банка.

На кого не се однесува забраната?

Оваа забрана за плаќање во готовина над пропишаниот износ не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

Што преставува готовина и плаќање со готовина?

„Готовина“ се книжни и ковани пари кои врз основа на закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава (член 2 став 1 точка 15 од Законот за спречување на пари).

Kазнени одредби

Казните за непочитување на наведената забрана од страна на правните лица и трговците поединци кои ќе наплатат во готовина над пропишаниот износ  се пропишани во член 162 од Законот. Пропишана е глоба во износ од 30.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, ако прими готовина спротивно на членот 48 од овој закон. За наведеното дело, глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно трговецот поединец ќе му се изрече за прекршок и на одговорното лице во правното лице, односно трговецот поединец за претходно наведеното дејствие .

Кој ќе врши надзор ? 

Управата за јавни приходи во согласност со своите надлежности врши надзор врз правни и физички лица во однос на примената на забраната за готовински плаќања над пропишаниот износ (член 146 од Законот).

Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на РМ, бр. 120/2018) (ПРЕЗЕМИ)