Службени патувања во странство
Право на дневница
Со член 113 став 1 точка 1 од Законот за работните односи е наведено дека работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за службено патување, додека во Општиот колективен договор е наведено дека Работникот има право на надомест на дневници за службени патувања во странство согласно колективен договор на ниво на работодавач, или акт на работодавач, но не помалку од Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.
Надоместоците во Уредбата се пропишани за органите на управата, но истите се однесуваат и за трговските субјекти и останатите правни лица регистрирани на територијата на РМ.
Висина на дневница
Висината на дневницата е уредена со Уредбата и Решението.
Интерен акт
За да се конкретизира примената на сите спомнати прописи, субјектите треба да изготват свој интерен акт со кој ќе ги уредат следните прашања:
- кој орган донесува одлука (или решение) за службено патување во странство и кое лице е овластено за издавање на налог врз основа на донесената одлука,
- да се утврди износот на дневниците за службено патување во странство по пооделни земји и под определени услови (со обезбедено сместување и исхрана, само со обезбедено сместување и само со обезбедена исхрана и сл.) усогласено со предходно споменатите законски одредби,
- да се утврди начинот на пресметка и исплата на дневниците и другите трошоци за службено патување во странство,
- колку непрекинато трае службеното патување во странство, и
- да се одреди видот на превозното средство и класата која работниците можат да ја користат за службено патување и сместување при службено патување во странство.
Одлука (решение) за службено патување
Кој издава одлука за службено патување во странство?
Одлука за службено патување може да издаде само овластено лице врз основа на одлука донесена одлука од страна на надлежниот орган, односно врз основа на статутот (договорот) на друштвото.
Што содржи одлуката за службено патување во странство?
Одлуката за службено патување во странство, согласно членот 5, став 3 од Уредбата, содржи: име и презиме на лицето кое патува, работи и задачи што ги врши, цел на патувањето, назив на државата и местото во кое се патува, датум на поаѓањето и враќањето, односно траењето на службеното патување, видот на превозот што ќе се користи, и износ на исплатен аванс.
Налог за службено патување
Кој издава налог за службено патување?
Налог за службено патување издава управителот, извршниот директор или друг орган во правниот субјект.
Што содржи налотот за службено патување во странство?
Налогот за службено патување треба да ги содржи следните елементи: име и презиме на лицето кое патува, работи и задачи што ги врши, цел на патувањето, назив на државата и местото во кое се патува, датум и час на поаѓањето и враќањето, односно траењето на службеното патување, видот на превозот што се користи на службеното патување, и пресметка на трошоци за службено патување на товар на работодавачот.
Забелешка: Доколку сите трошоци за сместување и престој на вработениот паѓаат на товар на работодавачот, нема потреба од Одлука за службен пат, бидејќи тогаш доволен е налогот за службен пат. Во обратен случај ако работодавачот не поднесува трошоци, се издава и Одлука.
Трошоци за службено патување
- Трошоци за СМЕСТУВАЊЕ (ноќевање). Издатокот за сместување при службено патување во странство се пресметува врз основа на платена сметка за хотел со категорија до четири ѕвездички. Сместување за дневен одмор не се смета за сместување. Под сместување во хотел (мотел, пансион) се подразбира ноќевање со појадок (под хотелско сместување не се подразбира сместување за дневен одмор).
- Трошоци за исхрана-се пресметува преку ДНЕВНИЦАТА (значи не се исплатува посебно) и не се докажуваат со сметки. Највисоките износи на дневницата за службено патување во одделни држави се утврдуваат со посебен акт на Владата на РМ – Решението;
- Издатоците за ПРЕВОЗ-се пресметуваат во висина на цената од патничката тарифа за превоз со средство, од оној вид и класа што е одобрено да се користи за службено патување, како и во висина на цената на користеното средство за јавен превоз. По исклучок, издатокот за превоз со такси возило се признава за превоз од аеродром до местото на сместување и обратно;
Издатокот за превоз во местото на службеното патување се пресметува во висина на цената на користеното средство за јавен превоз. По исклучок издатокот за превоз со такси возило се признава само за превоз од аеродром до местото на сместување и обратно.
Издатоците кои настануваат на службено патување во странство во врска со такси превоз, а се неопходни за исполнување на целта на службеното патување во странство, се пресметуваат во реален износ и се признаваат по одобрение од страна на раководниот со органот или од него овластено лице, врз основа на доставено писмено образложение за потребата од покривање на службените трошоци и приложена соодветна документација.
- ДРУГИ ТРОШОЦИ што ги направил работникот во врска со вршењето на работата поврзана со службеното патување, а по претходно овластување на работодавачот.
- Издатоците за прибавување на патни исправи, за вакцинација и лекарски прегледи, а во врска со службеното патување и со селидба во странство, доколку Фондот за здравство не ги признае тие издатоци, се пресметуваат во реални износи.
- Издатоците што ќе настанат во врска со користењето на телефон и телеграми при службеното патување, а се неопходни за вршење на определени задачи и работи, се пресметуваат врз основа на соодветна сметка.
- Издатоците кои настануваат на службено патување во странство во врска со користење на интернет услуги, службена пошта, како и други неопходни издатоци за исполнување на целта на службеното патување во странство, се пресметуваат во реален износ и се признаваат по одобрение од страна на функционерот што раководи со органот или од него овластено лице, врз основа на доставено писмено образложение за потребата од покривање на службените трошоци и приложена соодветна документација.
Кога работникот ќе поднесе пресметка за патни трошоци?
По завршување на службеното патување (согласност со член 24 од Уредбата), работникот е должен во рок од 7 дена од денот кога службеното патување е завршено.
Што треба работникот да приложи?
Работникот треба да поднесе пресметка за патните трошоци и доказ за платениот износ за користениот превоз, хотел и другите трошоци поврзани со тоа патување и истите да ги приложи кон патниот налог.
Ако во документот за издатокот што се прилага кон пресметката е искажан износот во национална валута во која не е утврдена дневницата за таа земја, за пресметка и признавање на издатокот кон документот задолжително се приложува и писмен доказ за девизниот курс по кој се конвертирани девизите.
Ако при службеното патување посебно се плаќа резервација за превозот, аеродромска такса или превоз на багажот со автобус, кон пресметката на патните трошоци се прилагаат и потврдите за плаќањето на тие трошоци.
Како се пресметува дневницата за службено патување во странство?
Дневницата за службено патување се пресметува од часот на тргнувањето на работникот на службено патување до часот на враќањето со превозното средство и тоа:
- Една дневница-за секои 24 часа поминати на службено патување, или ако патување трае подолго од 12 часа,
- Половина дневница-за време од 8 до 12 часа поминати на службено патување Нема дневница-ако работникот е на службен пат помалку од 8 часа.
- Не се исплаќа дневница - ако работникот во истиот ден, дел од работното време го помине на работното место, а еден дел е на службен пат, но помалку од 8 часа , часовите поминати на службен пат по истекот на полното работно време му се сметаат за прекувремена работа.
Дневницата за службени патувања во странство може да се исплати во следните износи (според Уредбата): | |
Процент на исплата | Услов |
50% | ако се поднесе сметка за сместување, како и |
кога сместувањето не паѓа на товар на работодавачот, | |
20% | ако трошоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на рабпотодавачот, или ги сноси авионската компанија поради прекин во патувањето. |
5% | ако трошоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на работодавачот, а престојот е над 30 дена. |
Износ на дневницата под определени услови:
а) Исплата на дневница во износ од 50% од утврената дневница
- Ако за службеното патување во странство се поднесе сметка за сместување во хотел со категорија до четири ѕвездички;
- Ако издатокот за дневен одмор на членовите на воздухоплови при вршење на службено патување во странство се пресметува врз основа на сметка за хотел со категорија до четири ѕвездички, во услови кога времето на задржувањето на аеродромот е подолго од 4 часа меѓу двата лета во текот на 24 часа;
- Ако како доказ за сместување на делегација на РМ и нејзина придружба се поднесе сметка за хотел со категорија над четири ѕвездички;
- Ако е обезбедено само сместување на товар на странскиот партнер;
- Ако поради прекин на патувањето со авион, трошоците за сместувањето ги сноси авионската компанија;
- Ако за патување во странство се користи кола за спиење, и тоа: ако патувањето трае непрекинато најмалку 24 часа, ако се патува ноќе од 22 часот до 6 часот наутро и ако се патува ноќе најмалку шест часа по 20 часот.
б) Исплата на дневница во износ од 30% од утврдената дневница
- При службено патување на летачки персонал кое вкупно трае помалку од 8 часа, сметајќи го времето од часот на полетувањето на авионот од аеродромот до часот на враќањето на авионот на аеродромот, се пресметува дневница во износ 30% од утврдената дневница.
- Ако за службеното патување во странство се обезбедени сместување и исхрана од страна на странскиот партнер, односно овие издатоци не се на товар на деловниот субјект;
- Ако поради прекин на патувањето со авион, авионската компанија ги сноси трошоците за исхрана и сместување;
- Ако во цената на билетот за патување со брод се пресметани и трошоците за исхрана и ноќевање;
- При стручно усовршување, односно при посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална или билатерална основа, не се исплатува дневница, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена.
в) НЕ се исплатува дневница
Лице кое не е вработено кај работодавачот
Доколку на службено патување се прати лице кое што не е вработено кај рабтодавачот, во тој случај на износот на дневницата и сите трошоците што се направени во врска со тоа службено патување се пресметува и плаќа данок на личен доход по стапка од 15% (17.6471% на нето).
Сопствено возило за службени цели
Во случај кога лицето при патувањето користи сопствено возило или пак возило кое што не е службено, односно не е на име на работодавачот, сметките за гориво при истото патување не се признаваат, или на износот на истите се пресметува данок на личен доход по стапка од 15% (17.6471%) доколку се на товар на правното лице-работодавач.
Фотокопија од пасош
Кога на службено патување во странство се упатуваат две или повеќе лица, за лицата за кои што нема доказ дека биле на службено патување (пример, хотелска сметка, автобуска или авионска карта и слично) кон патниот налог се приложува фотокопија од пасошот.
Аванс
За патување во странство може да се изврши исплата на аванс во девизи , со подигање на девизни средства од банка , а може и конечната исплата исто така да се изврши во девизи на истиот начин. Исплатата може да се изврши и во денари , при што ќе се изврши исплата по средниот курс на Народна банка.
Прилог кон патен налог
Издатоците за службено патување во странство се признаваат врз основа на пресметката на патните трошоци, која во рок од седум дена од денот кога службеното патување е завршено, се поднесува во согласност со одредбите на Уредба, со писмен извештај што го заверил овластено лице на друштвото.
Пресметката за патните трошоци и доказот за платениот износ за користениот превоз, хотел и за другите трошоци што се признаваат во согласност со Уредбата се приложува кон налогот за службено патување.
Ако при службеното патување посебно се плаќа резервација за превозот, аеродромска такса или превоз на багажот со автобус, кон пресметката на патните трошоци се прилагаат и потврдите за плаќањето на тие трошоци.
Ако во документот за издатокот што се прилага кон пресметката е искажан износот во национална валута во која не е утврдена дневницата за таа земја, за пресметка и признавање на издатокот кон документот задолжително се приложува и писмен доказ за девизниот курс по кој се конвертирани девизите.