Обуката за сметководство, подолг период, ми беше предизвик и желба за промени и стекнување на нови знаења. Водена од фактот на не соодветно образование за оваа област, можеби згрешив што задоцнив со одлуката, но горда сум што не згрешив во изборот на ПКФ Нова Консалтинг.
Голема чест ми е и задоволство, што ве запознав Вас и што бев дел од оваа група ученици што вредно работеа,учеа и непоколебливо стигнаа до целта.
Привилегија е да се учи од еден ваков експерт, како што е Кристина Тилиќ, во областа на сметководство и финансии.
Преку стручно концепирани предавања со спој на теорија и пракса, од книжење, работа на реални проекти до спроведување на сметководствени контроли, посветеноста кон пренесување на знаењето, беа подвиг за мојата успешност во едукацијата.
За Вашата големина зборува и фактот што со завршување на обуката, не завршува Вашата грижа за нас.
Големо БЛАГОДАРАМ за се.
Ве почитувам и Ви се восхитувам, јас од Вас не научив само сметководство и финансии.
- Славица Трајковска, 31.03.2025
