21.06

Формално наспроти неформално образование!

Семра Незири споделува искрено искуство од нашата обука – зошто практичното знаење е незаменливо во реалниот свет!
Со завршувањето на онлајн обуката за сметководство, организирана од Нова Консалтинг, чувствувам потреба јавно да изразам искрена благодарност за нивниот професионален пристап, квалитетното предавање и практичната насоченост на обуката. 

Во текот на предавањата не само што стекнав нови знаења, туку добив и реална слика за секојдневните предизвици и решенија во областа на сметководството.

Најнапред, искрено ѝ се заблагодарувам на Кристина Тилиќ за нејзиниот професионален и посветен пристап, јасноста во објаснувањето и подготвеноста да одговори на секое прашање. 

Особено инспиративни беа и нејзините лични искуства од професионалната кариера, кои ни помогнаа полесно да ги разбереме и најсложените аспекти на сметководството.

Исто така, голема благодарност до Јасмина, која постојано беше тука за нас, секогаш достапна и ни ги обезбедуваше сите потребни материјали навремено.

Иако честопати бевме уморни од секојдневните работни и лични обврски — во мое име, по работното време ми беше тешко да се концентрирам — оваа обука ми помогна да се мотивирам и да стекнам многу нови знаења, што ми дадоа поттик да продолжам понатаму со нови обуки.

Иако иднината никогаш не е целосно предвидлива, јас како вработена во Државниот пазарен инспекторат, со звање советник-инспектор, немам намера да се вработам како сметководител. Сепак, моето учество на обуката беше со јасна цел – да стекнам практични знаења од областа на сметководството, нешто што за жал не го добив ниту за време на четиригодишното факултетско образование, ниту за време на едногодишните магистерски студии.

Обуката беше многу корисна и практична, и ги надмина теоретските знаења стекнати на факултет. Особено ми значеше пристапот преку конкретни примери – книжење на влезни и излезни фактури, банкарски изводи, работа во сметководствен софтвер – нешто што сериозно недостасува во формалното образование.

Како дипломиран економист, морам да напоменам дека многу од знаењата на факултет беа исклучиво теоретски и далечни од реалната пракса. 

Ниту една книга или академско предавање не може да го замени искуството со фактури, книжења, пополнување пријави за ДДВ, работа со главна книга, контроли и слични активности.

Оваа обука уште еднаш ми покажа колку е важен континуираниот развој и – уште поважно – колку е потребна реформа во начинот на кој се изучува сметководството во средното и високото образование. Многу студенти завршуваат со високи оценки, но со минимална или никаква практична подготвеност.

Затоа, упатувам голема благодарност до Нова Консалтинг што ја пополнува токму таа празнина со реална и употреблива едукација. Обуката ја препорачувам на секој што сака вистински да го разбере и применува сметководството.

Со почит и благодарност,

Семра Незири