Се приклучив на оваа обука како апсолутен почетник – без формално образование или претходно искуство во областа на сметководството.
Благодарение на јасната теорија, практичните примери, вежбите и домашните задачи, стекнав силна основа што ќе ми користи во понатамошниот професионален развој.
Особено ми помогнаа практичните ситуации преку кои ја разбрав суштината на сметководството, финансиското размислување и логиката на даночното работење. Научив да пристапувам систематски и критички кон финансиските настани и нивното толкување.
Голема благодарност до Кристина Тилиќ, која со своето искуство и ентузијазам успеа на јасен, структуриран и инспиративен начин да го пренесе своето знаење.
Искрена препорака до сите кои сакаат да направат прв чекор во областа на сметководството – оваа обука е вистинскиот избор
Маја Тодоровска
