22.10

Даночен биланс на непрофитни организации

Како резултат на измените предвидени со член 4-а на Законот за данокот на добивка, во примена од 01.01.2019 година, донесен е правилник со кој е пропишан нов даночен биланс за непрофитните организации Образец „ДБ-НП/ВП“ .

Кои организации ќе поднесуваат ДБ-НП/БП?

Членот 4-а став 1 од Законот предвидува дека  Здруженијата на граѓани, фондациите, сојузите, како и секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување (во натамошниот текст: организации), регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации, не се обврзници за данок на добивка.

Сепак организациите дефинирани погоре согласно ставот 3 од истиот член, доколку остваруваат приходи од стопанска дејност тогаш стануваат обврзници за пресметување и плаќање данок на вкупен приход, доколку вкупниот годишен приход од стопанската дејност е поголем од 1.000.000 денари.

Кои се неоданочиви приходи кај непрофитните организации?

  • Членарина (за која не се добиваат услуги)
  • Доброволни прилози
  • Донации
  • Грантови
  • Подароци
  • Завештанија
  • Легати
  • Средства од Буџети (на РМ, локални и буџет на градот Скопје)

Кои се оданочиви приходи кај непрофитните организации?

  • Средстава за која се добиваат услуги (реклама, чланарини за кои се добиваат услуги, пример:обуки...)
  • Кирии и закупнини
  • Приходи од инвестиции, дивиденди и заеми
  • Камати на орочени средства и други

Како се пресметува данокот?

Данокот на вкупен приход за овие обврзниците се пресметува и плаќа во висина од 1% од износот на остварените вкупни приходи од стопанска дејност во календарската година, на износот кој надминува 1.000.000 денари.

Пример: Здружение на граѓани во 2019 година остварува приходи од: членарини, донации, Буџет на РСМ, закупнини и камати и тоа:

  • Чланарини 1.000.000
  • Донации  500.000
  • Буџет на РСМ  300.000
  • Приходи од закупнини  2.000.000
  • Камата на орочен депозит 100.000

Приходи од стопанска дејност 2.100.000 (2.000.000+100.000)

  • Даночно ослободување                1.000.000
  • Даночна основа за ВП                   1.100.000
  • Данок на вкупен приход 1%               11.000

Рокови

  • Завршната сметка се доставува до крај на Февруари наредната година
  • Данокот се плаќа во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот

Во членот 39 став 4 од Законот е наведено дека здруженијата на граѓани и фондации се должни утврдувањето на данокот на вкупен приход да го вршат врз основа на даночен биланс на непрофитни организации – образец „ДБ-НП/ВП“ кој ќе се доставува  до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за сметководството за непрофитните организации, а плаќањето на данокот се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот.

Формата и содржината образецот „ДБ-НП/ВП“ е пропишана со Правилникот за формата и содржината на даночниот биланс на непрофитни организации (“Службен весник на РСМ, бр. 216/19) кој влегува во сила од 19 Октомври 2019 година.

Превземи образец