01.01

Се укинува забраната за плаќање во готово до 500 Евра

Со Законот за дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на РСМ број 275/2019 година) во член 182 додаден е нов став 3 кој гласи:

„(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.“. 

Од 27 Декември 2019 година, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 3.000 евра при поединечна трансакција. Над овој износ наплатата ќе може да се изврши со платежни картички или со упатување на купувачот плаќањето да го изврши преку банка. Оваа забрана за плаќање во готовина над пропишаниот износ не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

Во периодот од 1 Јуни 2019 година до 26 Декември 2019 година согласно член 182 став 2 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) беше забрането плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Казнени одредби:

Глоба во износ од 30.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, ако прими готовина спротивно на членот 48 од овој закон. За наведеното дело, глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, односно трговецот поединец ќе му се изрече за прекршок и на одговорното лице во правното лице, односно трговецот поединец за претходно наведеното дејствие

Превземи