Со Законот за изменување на законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр.275 од 27.12.2019 година) пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за следните видови на доход:
- Доход од работа,
- Доход од самостојна дејност,
- Доход од авторски и сродни права,
- Доход од продажба на сопствени земјоделски производи,
- Доход од права од индустриска сопственост,
- Доход од закуп и подзакуп,
- Доход од капитал,
- Капиталните добивки,
- Доход од осигурување, и
- Друг доход
Пресметката и плаќањето на данокот на доходот доход остварен од добивки на игри на среќа останува со стапка од 15%.
Со измените и дополнувањата на законот како предмет на оданочување се специфицира остварена капитална добивка од продажба на удел во инвестициски фонд. Одредбите за нивно оданочување заедно со одредбите за оданочување на каматите од орочени депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе стапат во примена од 1 јануари 2023 година.