19.03

Мерки за поддршка на бизнис секторот(Covit-19)

На 18.03.2020 Владата на РСМ ги објави мерките за поддршка на бизнис секторот заради Covid-19:

Прва мерка - Кредити од развојната банка со НУЛА камата

Директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија со износ од 5,7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компании (не со посредство на комерцијалните банки).

Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие кредит во износ од 3 до 30 илјади евра.

  • микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра,
  • мали компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра,
  • средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра.

Кредитите се бескаматни (со каматна стапка од 0 проценти);

Грејс периодот на овие кредити ќе биде 6 месеци;

Рок на отплата: 2 години.

 

Втора мерка - 50% ослободување на социјалните придонеси од плата 

Субвенционирање на социјалните придонеси за вработените во компании од секторите:

  • туризам,
  • транспорт,
  • угостителство и
  • други погодени компании.

Субвенционирањето на социјалните придонеси се однесува за месеците април, мај и јуни 2020 година.

Ќе се субвенционираат 50% од социјалните придонеси по вработен пресметани на просечната месечна плата исплатена во 2019 година.

Услови:

  • компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020-та година и ова да важи од денот на користење на мерката;
  • компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односно финансиски извештаи за 2020 година и
  • компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката.

Компаниите што ќе остварат добивка пред оданочување од работењето за 2020, ќе ги вратат субвенционираните придонеси во износ од 50% од добивката пред оданочување.

 

Трета мерка - Намалување на основната каматна стапка на Народната банка на 1,75%

Намалување на основната каматна стапка на Народната банка на 1,75%.

 

Четврта мерка - Олеснување на регулаторните услови на Народната банка за реструктуирање на кредитите на комерцијалните банки

НБРСМ ќе донесе Одлука за управување со кредитниот ризик чија цел е олеснување на условите за реструктурирање на кредитите на најпогодените сектори. 

 

Петта мерка - Ослободување од плаќање на АКОНТАЦИИТЕ на данокот на добивка за април, мај и јуни 2020 година

Обврзниците на данокот на добивка од областа на транспортот, туризмот, угостителството, и другите погодени компании од различни дејности ќе бидат слободени од плаќање на аконтациите на данок на добивка за април, мај и јуни 2020 година.

 

Шеста мерка - Намалување на казнените камати

  • Законската казнена (затезна) камата ќе биде намалена за 50% (од 10% на 5% за правни лица и од 8% на 4% за физички лица). Истовремено ќе се намали и референтната каматна стапка за пресметување на казнената камата која ја пропишува Централната банка и во моментот изнесува 2,25%.
  • Ќе биде намалена и казнената камата за јавни давачки од 0,03 % на 0,015% на ден. 

 

Седма мерка - Збир на прилагодувања како поддршка на реалниот сектор

Министерството за Финансии и УЈП ќе даде препорака на провајдерите на фискални каси да ги намалат цените за одржување на фискалните каси за 50%.

Министерството за Финансии ќе даде препора на банките да ги намалат цените за плаќање на финансиските извештаи за ДДВ за прометот на сметките на фирмите. 

Замрзнати се цените на основните прехранбени производи и тоа на:

  • леб,
  • сол,
  • зејтин,
  • млеко и млечни производи,
  • јајца,
  • брашно,
  • месо,
  • тестенини,
  • лекови и
  • дезифекциони средства

со состојба на денот на прогласување на пандемијата на СЗО, освен оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

 

Министерството за економија ќе достави до Владата и предлог за ЦЕЛОСНО ослободување од царинските давачки за производите од:

  • брашно и пченица,
  • масло сончогледово,
  • бел шеќер,
  • сапуни, детергенти,
  • облека и прибор за облека, пелени за деца и возрасни и марамчиња, рачни капи во ролни, маски пластични со текстилен филтер, прекривки текстилни за хируршка употреба, одело хируршко од хартија, маски хартиени, одело заштитно гумено, ракавици гумени, хируршки и останати средства за дезинфекција, медицински алкохол, заштитни наочари.

 

Министерството за економија предлага сите средства кои се предвидени за развој, промоција и поддршка на туризмот да се пренаменат во Фонд за туризам со цел да се обештети туристичкото стопанство да ја пребродат кризата во согласност со бројот на вработени. Овој Фонд за туризам во моментов проценува на околу 74 милиони денари од кои 44 милиони денари се во рамки на програмите на Министерството за економија кои нема да бидат искористени, а 30 милиони денари се од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

 

Народна банка препорачува заради заштита на јавното здравје да се избегнува користење и на денарска и на девизна готовина, а да се користат платежни картички, електронско банкарство или други алтернативни начини на плаќање.

19.03.2020