08.04

14.500 ден. за поддршка на бизнисот по вработен

Финансиска поддршка на работодавачите во износ од 14.500 денари по работник месечно

Во „Службен весник на РСМ“ број 93 од 7 април 2020 година е објавена Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, која влезе во сила со денот на објавување т.е. на 7 април 2020 година.

Прилог:

· Образец: BFP-IP

· Уредба : Uredba rabotodavaci 93.2020

Работодавачите имаат можносте за избор меѓу:

а) финансиска поддршка од 14.500 денари по работник ИЛИ

б) субвенционирање на 50% од социјалните придонеси  

 

Опфат на работодавачи кои можат да ја користат мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по работник

Финансиската поддршка за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година ги опфаќа работодавачите од приватниот сектор, во рамки на кои се подразбираат:

  • секој правен субјект од приватниот сектор кој вработува работници врз основа на договор за вработување,
  • физичко лице (вршител на дејност) кое вработува работници врз основа на договор за вработување и
  • работодавач корисник, согласно со Законот за приватни агенции за вработување.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ РАБОТОДАВАЧОТ

Работодавачот-барател за користење на финансиската поддршка треба да ги исполни (кумулативно) сите следни услови поврзани со:

a)  намалувањето на вкупните приходи на работодавачот-барател на финансиска поддршка,

б)  неисплатувањето на дивиденда и награди за вработените и органите на управување и надзор на работодавачот,

в)  месечен праг на поединечна нето плата над 120.000 денари на најмногу 10% од вкупниот број на вработени кај работодавачот.

 

УСЛОВ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Услов за добивање на финансиската поддршка е вкупните приходи во месец април 2020 година или во месец мај 2020 година на работодавачот-барател на финансиска поддршка да се намалиле повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година.

Кои услови работодавците треба да ги исполнат за да ја користс помошта?

Превземено од овбразецот BFP-IP:

а) Приходите во месецот за кој барам финансиска поддршка за исплата на плати се намалени за најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година

 б) Приходите во месецот за кој барам субвенционирање се намалени за најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година

 Просечните приходи4 месеци

в) Просечните приходи за последниот сезонски период од 4 месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите 4 месеци во претходната година се намалени за најмалку 30%

 г) Не e исплатенa дивиденда на сопствениците и не e извршенa исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка, од денот на влегувањето во сила на уредбата, до денот исплатата на платата за месец мај 2020 година

 д) За работник за кој се бара финансиска поддршка за исплата на плата, за периодот декември 2019 година, јануари 2020 година и февруари 2020 година, исплатените нето плати не се повисоки од 39.900 денари за секој месец одделно, сразмерно на часовите на пријавено работно време  

ѓ) За месецот за кој барам финансиска поддршка, повеќе од 10% од вкупниот број на вработени немаат поединечна месечна нето плата ПОГОЛЕМА од 120.000 денари месечно по вработен

е) Нема да користам финансиска поддршка заради исплата на плати согласно уредбата, за сопственик/основач, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор

 ж) За вработените за кои ќе користам финансиска поддршка согласно со Уредбата, НЕ користам субвенционирање согласно со Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба

 з) За вработените за кои ќе користам финансиска поддршка согласно со Уредбата, НЕ користам ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност

ѕ) За времетраење на финансиската поддршка согласно со Уредбата и четири месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец септември 2020 година), ќе го задржам истиот број на вработени за месецот за кој барам финансиска поддршка, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник. Бројот на вработени ги вклучува вработените на неопределено време, вработенитена определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време

08.04.2020