Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19 за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, предложен од Министерството за финансии, беше усвоен од страна на Владата 23.октомври 2020 и истиот ќе биде доставен на усвојување до Собранието.
Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите што имаат пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година најмалку 30%, споредено со истиот период минатата година.
Фирмите кои имаат НАМАЛЕН ПРИХОД за 7 месечниот период (април-октомври 2020 година) споредено со истиот период лани:
- од 30% до 40%>, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен;
- од 40,01% до 50%>, ќе добијат финансиска поддршка до 15.955 денари по вработен;
- од 50,01% до 60%> ќе добијат финансиска поддршка до 17.410 денари по вработен;
- од 60,01% до 70%>, ќе добијат финансиска поддршка до 18.865 денари по вработен;
- од 70,01% до 80%>, ќе добијат финансиска поддршка до 20.320 денари по вработен и
- над 80%> износот финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен.
За работодавачите
Фирмите што аплицираат за финансиска поддршка можат да имаат најмногу 10% од вработените со месечна нето-плата од над 120.000 денари.
Фирмите не можат да аплицираат за финансиска поддршка за плата за вработен кој во јуни, јули, август и септември остварил нето-плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно на полно или неполно работно време.
Мерката нема да може да се користи за вработени за кои се користи мерката „Македонија вработува“, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.
Работодавачите што користат финансиска поддршка, нема да смета да го намалуваат бројот на вработени два месеца по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.
26.10.2020