11.11

Изменување и дополнување на ЗДДВ

Измени и дополнувањата на Законот за ДДВ се дел од четвртиот сет на мерки за поддршка на стопанството од последиците на економската криза предизвикана од Ковид 19 (Службен весник на РСМ број 267 од 09.11.2020). 

Со измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се воведуваат следните законски новини:

  • Се пропишува ослободување од ДДВ за прометот на добра и услуги кои како донација се даваат на буџетски корисници, како и на прометот на добра и услуги кој се плаќа со финансиски средства од примени донации за борба против Коронавирусот COVID-19;
  • Се воведува нова ДДВ стапка од 10% за предавањето на храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци;
  • Се пропишува ДДВ стапка од 5% за одделни занаетчиски услуги;
  • Се воведува евиденција и за примателите на фактури по член 32а од Законот за ДДВ Reverse Charge;
  • Се одлага обврската за плаќање на ДДВ за дополнителни 5 дена по истекот на рокот во кој се поднесува даночната пријава;
  • Се пропишува дека УЈП нема да го враќа ДДВ-то на даночниот обврзник до колку се бара претплатата за ДДВ да се искористи за намирување на ДДВ обврската на друг даночен обврзник;

11.11.2020