Владата го усвои четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.
Краток осврт на предложените мерки кои треба во следниот период да бидат преточени во соодветни законски прописи:
- Мерка: Поддршка за исплата на плати во компаниите
Оваа мерката ќе важи за последниот квартал од 2020 година (октомври, ноември и декември 2020 година и поддршката од страна на Владата ќе биде утврдена скалесто утврдена падот на приходите кај компаниите (април – август 2020 во однос на истиот период 2019 година). Висината на поддршка кон компаниите зависи од висината од падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка и се движи од 14.500 до 21.776 денари и тоа:
- 30% до 40% намален приход = 14.500 денари поддршка по вработен;
- 40% до 50% намален приход = 15.955 денари поддршка по вработен;
- 50% до 60% намален приход = 17.410 денари поддршка по вработен;
- 60% до 70% намален приход = 18.865 денари поддршка по вработен;
- 70% до 80% намален приход = 20.320 денари поддршка по вработен;
- над 80% намален приход = 21.776 денари поддршка по вработен;
Процентот на пад на приходите би се пресметал на следниот начин:
Вкупни приходи (април – август) 2020 ÷ Вкупни приходи (април – август) 2019 = >#/b###
Оваа мерка „Поддршка за исплата на плати“ освен на правните лица-работодавачи се однесува и на самостојните вршители на дејност, трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.
Поддршката се остварува врз основа на барање до УЈП.
За реализација на поддршката ќе биде донесен посебен закон.
- Мерка: Издавање на платежни картички за граѓани
Според предлог марката за државна поддршка на владата платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат:
- самохрани родители,
- пензионерите со пензии до 15.000 денари,
- невработените кои се пасивни баратели на работа,
- самостојните уметници,
- филмски работници,
- културни работници и
- естрадни уметници.
- Мерка: Зголемување на грејс периодот на бескаматните кредити од РБРСМ
Постоечките корисници на кредитни линии од Развојната банка на Република Северна Македонија ќе добијат дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.
- Мерка: Доделување на нови кредити во вредност од 100 милиони денари преку Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје со ниска камата
- Мерка: Поддршка за плати за туристичките водичи
На регистрираните туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари.
- Мерка: За поддршка на секторот туризам – Поврат на туристичката такса за 2019 година
На субјектите кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им биде вратен вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.
- Мерка: Грантови за туристички агенции
Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца.
- Мерка: Намалување или укинување на парафискални давачки (надоместоци, такси лиценци и слично)
- Мерка: Грантови за ресторани за свадби
Се предлага доделување на грантови за сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност одделно во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година.
- Мерка: Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница
Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и ноќни клубови, како и на околу 7000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.
- Мерка: Грантови за игротеки за деца
За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година.
- Мерка: Намалување на ДДВ за занаетчиски услуги
Се предлага намалување на ДДВ-то на занаетчиските услуги и производи од 18% на 5% За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за ДДВ.
- Мерка: Државна кредитна гаранција
Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.
- Мерка: Државна царинска гаранција
Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини. Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг се поддржува извозот и увозот и се олеснува пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија.
- Мерка: Дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината
- Мерка: Намалување на казнената камата за јавни давачки од 0,03% на 0,015% до крајот на годината. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за даночна постапка.
- Мерка: Одлагање на плаќање на аконтации на данок на добивка за компаниите во период до март 2021 година
Се предлага одлагањето на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за данок на добивка.
- Мерка: Се предлага продолжување и мерката за ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци
- Мерка: Се предлага намалување на ДДВ стапката за ресторанските услуги и служење на храна и пијалаци
Се предлага ресторанските услуги и служењето на храна и пијалоци да се оданочуваат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо постојната редовна стапка од 18%. Оваа мерка се предлага да влезе во примена од 1 јануари 2021 година.
- Мерка: Се предлага одлагање на рокот за плаќање на ДДВ
Се предлага пролонгиран рок од 7 дена по денот на поднесување на ДДВ пријавата за плаќање на ДДВ без камата. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за ДДВ.
- Мерка: Се предлага одложување на обврската за 2020 година за задолжително континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководителите и овластените сметководители
Се предлага обврската за задолжително континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководителите и овластените сметководители за 2020 година да не се применува. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за вршење на сметководствени работи.
- Мерка: Зголемување на периодот за покривање на загубите на терет на идните добивки
Се предлага укинува обврската од Законот за данокот на добивка за покривање на загубите на товар на идни добивки. Се продолжува и рокот за пренесување на загуби на товар на идните добивки до пет години, наместо сегашното законско решение кое утврдува пренесување на загубата до три години. Оваа мерка ќе се однесува за 2020 и 2021 година. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за данок на добивка.
- Мерка: Зголемување на прагот за данок на вкупен приход на годишно ниво до 5 милиони денари и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход
Се предлага зголемува на прагот за даночно ослободување на обврзниците на годишниот данок на вкупен приход на 5 милиони денари на годишно ниво.
Се прелага зголемува рамката на приход во кој даночните обврзници можат да изберат да бидат обврзници на данок на добивка, односно на годишниот данок на вкупен приход меѓу 5.000.001 и 10 милиони денари. Стапката на данокот на вкупен приход за овие обврзници останува 1%. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за данок на добивка.
- Мерка: Се предлага признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како даночно признаен расход за цели на данок на добивка. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за данок на добивка.
- Мерка: Се предлага признавање на трошокот за тестирање од КОВИД – 19, како даночно признаен расход. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за данок на добивка.
- Намалување на увозните давачки за суровини и репроматеријали како поддршка за најпогодените преработувачки индустрии и поттик за развој на преработувачките капацитети
Покрај сите автономни мерки за суровини утврдени на 24 декември 2019, се намалуваат и увозните давачки за природен гас со конечна цел не само економски, туку и еколошки ефект.
- Мерка: Oслободување од оданочување со данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг
Се предлага ослободување од оданочување со данокот на личен доход за трошоци кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите, но истовремено ќе се пропише и законски лимит за овие трошоци, на пример една просечна плата на годишно ниво. Оваа мерка ќе започне да се применува од 1 јануари 2021 година. За реализација на наведеното неопходна е измена на Законот за данок на добивка и Законот за данок на личен доход.
- Мерка: Обезбедување на државна поддршка за откуп на грозје
- Мерка: За секторот игри на среќа – Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа. Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат 1/3 од надоместоците за AR (ауто-рулет) маси и други маси
- Промена на основата за пресметка на износот кој ќе се издвојува за финансирање на работењето на општините по основ за ДДВ
- Мерка: Викенд без ДДВ
Корисницитe на апликацијата „МојДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-ти, 11-ти и 12 октомври 2020 година ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.