01.01

Правилници од областа на даноците

Во Службен весник на РСМ број 315/20 од 30 декември 2020 година објавени се повеќе правилници од областа на даноците и за враќање на средствата од добиената финансиската поддршка за исплата на платите.

Правилниците можете да ги преземете подолу:

  • Правилник за формата и содржината на Барањето за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати на месеците април, мај и јуни 2020 година (Сл. весник бр. 315/20 од 30.12.2020 година) – образец „ДД-ГДВП/БВФП-1”. Се однесува на обврзниците на данок на добивка и на обврзниците на годишниот данок на вкупен приход. 1-Pravilnik-za-vracanje-za-FP-za-4-5-i-6.2020
  • Правилник за формата и содржината на Барањето за пресметување на износот на враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година (Сл. весник бр. 315/20 од 30.12.2020 година) – образец „ДД-ГДВП/БВФП-2”. Се однесува на обврзниците на данок на добивка и на обврзниците на годишниот данок на вкупен приход2-Pravilnik-za-vracanje-na-FP-za-10-11-i-12.2020
  • Правилник за формата и содржината на Барањето за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка (Сл. весник бр. 315/20 од 30.12.2020 година) – образец „ДД- БВ-ФП”. Се однесува на обврзниците на данок на доход што вршат самостојна деност3-Pravilnik-za-vracanje-na-FP-za-TP-i-SVD
  • Правилник за формата и содржината на Барањето за претворање на финансиска поддршка за исплата на плати во грант (Сл. весник бр. 315/20 од 30.12.2020 година) – образец „Б-ПФПГ”. Се однесува на обврзниците на данок на доход што вршат самостојна деност4-Pravilnik-za-pretvoranje-vo-grant
  • Правилник за формата и содржината на Даночната пријава на данокот на додадена вредност. (Сл. весник бр. 315/20 од 30.12.2020 година) – образец „ДДВ-04”. Се однесува на обврзниците на ДДВ5-Pravilnik-za-nova-DDV-prijava (ДДВ-04)
  • Правилник за формата и содржината на Извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот, како и за формата и содржината на извештајот за примени промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник примател на прометот. (Сл. весник бр. 315/20 од 30.12.2020 година) – образец „ДДВ-ИПДО”. Се однесува на обврзниците на ДДВ кои извршиле или примиле промет согласно член 32-а од Законот за ДДВ6-Pravilnik-za-evidecija-na-vlezni-po-cl-32-a-od-ZDDV (DDV-IPDO)
  • Правилник за изменување на Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување, образецот на фискалната сметка, образец на фискално лого, документот касова сметка за сторна трансакција, формата и содржината на книгата за дневни финансиски извештаи, начинот за одобрување и продолжување на дозволата на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, начинот на одземање на дозволата за одобрување на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем за управување, постапката и документацијата за нивно одобрување за производство и продажба, елементите на фискалната сметка, начинот на проверка и контрола на фискалните апарати и правилата за техничко одржување и сервисирање на истите, формата и содржината на барањето за добивање овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема и потребната документација. (Сл. весник бр. 315/20 од 30.12.2020 година). 7-Pravilnik-za-fiskalnni-smetki