01.02

Регистар на вистински сопственици

Регистрирањето на вистинските сопственици е предвидено во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој е усогласен со ЕУ-директивите.

Според овој закон, а во врска со идентификување и потврдување на идентитетот на вистинскиот сопственик, субјектите се должни да го идентификуваат вистинскиот сопственик.

Од 27.1.2021 година, започна да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици. Уписот во законскиот рок е без надомест.

За кого се однесува обврската за регистрирање на вистински сопственици?

Обврската за иницијално внесување на податоци се однесува на 

  • постоечките фирми (во горенаведениот рок), 
  • новооснованите субјекти, и 
  • субјекти кај кои има промена на вистински сопственик (имаат рок од 8 дена да внесат податоци во регистарот, преку електрoнско поврзување).

Обврската за внесување на податоци не се однесува на правните субјекти кои се компании чии акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност и кои се обврзани да се усогласат со условот за објавување на податоците за вистинските сопственици со што се обезбедува соодветна транспарентност на информации за сопственост согласно релевантните меѓународни стандарди.

Подносители

Овластеното лице за застапување и претставување на правниот субјект е должно да ги внесе податоците во регистарот.

Правните субјекти преку системот на администраторот на регистарот може да овластат друго лице во нивно име да ги внесе податоците за нивните вистински сопственици, како и податоците за промените на вистинските сопствениците во регистарот.

Кои податоци се внесуваат во Регистарот

Во регистарот се запишуваат следниве податоци:

  • податоци за правниот субјект назив, седиште, ЕМБС и даночен број, датум на основање и бришење на деловниот субјект, и 
  • податоци за вистинскиот сопственик лично име, единствен матичен број или друг идентификациски број, адреса на постојан и привремен престој, датум на раѓање, даночен број, државјанство, сопственички удел или друга форма и вид на сопственост или контрола и датум на внесување и бришење на вистинскиот сопственик од регистарот.

Детални информации за постапката за регистрација

Детални информации околу уписот, обврзани и изземени субјекти, рокови, начин на користење на системот, предуслови, процедура и слично можете да прочитате на веб локацијата на услугата https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/zapishi-vistinski-sopstvenik/upis-na-vistinski-sopstvenik-na-subjekt.

01.02.2021