Постапка за добивање на уверение за сметководители и овластени сметковители
Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги исполнува условите пропишани со Закон за вршење на сметководствени работи, член 15, и се стекнало со уверение за сметководител или овластен сметководител.
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за добивање на уверение за сметководител или овластен сметководител може да поднесат писмено барање до Институтот на сметководители и овластени сметководители.
Услови за стекнување на звање сметководител/овластен сметководител
Сметководител
- диплома за завршено средно стручно образование – економска насока – и изјава од работодавач со која се потврдува најмалку три години работно искуство во областа на сметководството, или
- диплома за завршено тригодишно високо образование – економија или бизнис – или диплома за високо образование (180 кредити) и изјава од работодавач со која се потврдува најмалку две години работно искуство во областа на сметководството, или
- диплома за завршено четиригодишно високо образование (VII/1) – економија или бизнис – или диплома за високо образование (240 кредити) и изјава од работодавач со која се потврдува најмалку една година работно искуство во областа на сметководството;
- доказ за уплата на надоместокот за стекнување на лиценцата за сметководители.
Овластен сметководител
- Диплома за завршено високо образование (240 кредити) и изјава од работодавач со која се потврдува 3 (три) години работно искуство во областа на сметководството
Што се доставува кон барањето?
- Доказ за завршено образование
- Изјава од работодавач со која се потврдува работнотo искуство
- Потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж
- Доказ за уплатен надоместок
20.11.2021, ПКФ Нова консалтинг