Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата
Со измените и дополнувањата на Законот за трговија (Сл.весник 295 од 27.12.2021) во однос на работното време на вработените во трговија на големо и трговија на мало се предвидува следно:
Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно Законот за празници.
Кој може да врши трговијата на мало во недела и празници?
- во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност;
- во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун;
- во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2;
- на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;
- во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и
- на зелени пазари.
Ден на неделен одмор
За работниците кај трговците на мало од ставот 5 на овој член, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата.
Што ќе плаќаат трговците кои ќе работат во недела?
За трговците на мало кои ќе работат во недела се утврдува надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, кои средства ќе се инвестираат во детски градинки.
Закон за измени на Законот за работни односи (ЗРО) - додаток од плата за работа во недела
Со измените на ЗРО (Сл.весник 288 од 21.12.2021)работникот стекнува право на плата за часовите поминати на работа во недела – како додаток на плата
Кои додатоци работодавачот треба да ги исплатува на работниците кои работат во неделе/празник?
Работа во НЕДЕЛА
Закон за трговија: 100% по час (дневница зголемена за 100%= 2 дневници)
Закон за работни односи: 50% по час (дневница зголемена за 50% = 1,5 дневница)
Работа на ПРАЗНИК
Закон за трговија: 100% по час / (дневница зголемена за 100%, плус: надомест на плата 100% = 3 дневници)
Закон за работни односи: 50% по час / според Законот за празници и Кол. дог. (дневница зголемен за 50%, плус: надомест на плата 100%= 2,5 дневници)
Кои дејност ќе можат да работа во недела?
Дејностите кои ќе можат да работат и во недела се оние кај кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата.
14.01.2022, ПКФ Нова консалтинг