19.01

Измени на Законот за данок на личен доход


Се укинува почетокот на примената на прогресивното оданочување од 1 јануари 2023 година. 

Продолжува примената на оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10%, односно 15% за доходот од добивките од игрите на среќа.


Се укинува ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица 

Од 1 јануари 2023 година  со данок на личен доход ќе се  оданочува:

  • уплатена премија за животно  осигурување,
  • уплатен придонес во доброволен пензиски фонд, и 
  • уплатенa премиja за доброволно здравствено  осигурување, и

за вработените лица.

За невработените лица и досега горедаведените исплати беа со оданочување на данок на личен доход.

Напомена: Напоредно со измените на Законот за данок на личен доход во Собранието на РСМ доставен е и Предлог Закон за изменување  и  дополнување  на  Законот  за  данок  на  добивкa  со  кој  се  пропишува  целиот  износ  на  трошоците  по  основ  на  уплатени  премии за осигурување на живот на вработените  да  имаат  третман  на  непризнаени  расходи за цели на данокот на добивка при составувањето на ДБ за 2023 г.



Се одлага оданочувањето на каматите од орочени депозити до денот на пристапување на Македонија во Европската Унија


Отпочнува оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година


Се менува концептот на оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, во однос на периодот на поседување, стапката на оданочување и начинот на пресметување и плаќање на данокот, и се прецизирааат одредбите кои се однесуваат на основата на оданочување на капиталните добивки и се уредуваат ослободувањата кај капиталните добивки.


Се прецизира и уредува основaта за оданочување на немонетарните бенефиции по следните основи:

  • користење на станбени згради или станови кои се во сопственост на работодавачот или кои работодавачот ги користи по основ на закуп или по друг основ;
  • користење на службени моторни возила или други превозни средства за приватни цели, вклучувајќи и превоз од и до работно место, и 
  • стекнување со хартии од вредност и учество во капиталот на работодавачот и кај поврзани лица со работодавачот, без надоместок или по цена пониска од пазарната

Пример: Даден стан во сопственост на друштвото на користење без надомест

Како даночна основа за пресметка и плаќање на данок на личен доход е износот на закупнината на  пазарот  на  недвижности што може да се постигне  според  локални  прилики  за сличен имот.

Непризнати расходи за цели на данок на добивка во овој случај може да биде или амортизацијата на станот или даночната основица за пресметка на данок на личен доход.

 Пример: Дадено возило во сопственост на друштвото (или земен на лизинг/наем) на користење без надомест.

Данокот на личен доход се пресметува и плаќа месечно на сметководствената вредност на возилото.

Непризнати расходи за цели на данок на добивка во овој случај може да биде или амортизацијата на возилото или даночната основица за пресметка на данок на личен доход.

 

Се уредување постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице.



ПКФ Нова консалтинг, 02.01.2023