Од 2023та година во примена е новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој покрај другото пропишува:
Плаќање во готово
Плаќањето на производи и услуги во готово од страна на правни лица:
не може поединечно да биде повеќе од 6.000 денари, и не може да надмине вкупен износ од 60.000 денари во текот на календарскиот месец.
Благајнички максимум и задолжително осигурување на благајничкиот максимум над 20.000 денари
- За плаќања со готовина, правно лице може да чува во својата благајна готовина до висината на благајничкиот максимум.
- Благајничкиот максимум го утврдува правното лице со посебен акт.
- Правното лице е должно сите парични средства од дневниот пазар над утврдениот благајнички максимум примени во готовина по било која основа да ги уплати најдоцна до следниот работен ден на својата платежна сметка.
- Правното лице е должно да ја осигура готовината која ја чува во својата благајна, најмалку до висината на благајничкиот максимум, при што договорот за осигурување задолжително ќе ги покрива штетите во случај на пожар, поплава и кражба.
- Обврската за осигурување не се однесува на правните лица чиј благајнички максимум е до 20.000 денари.
Глоби
За непочитување на обврската за: - осигурување на готовината што се чува во благајната - лимитирано плаќање производи и услуги во готово во поединечен износ повеќе од 6.000 денари или во вкупен износ повеќе од 60.000 денари во текот на календарски месец и - неможноста за плаќање со пресметка доколку има блокирана платежна сметка, со членот 218 од Законот за платежни услуги и платни системи се пропишани следните глоби:
- од 50 до 250 евра во денарска противвредност за микро трговец,
- од 250 до 750 евра во денарска противвредност за мал трговец,
- од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност за среден трговец и
- од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.
Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице кај трговецот
Санкциии
Покрај глобата на трговецот ќе му се изрече и прекршочна санкција, забрана за вршење дејност во траење од три месеци до две години.
Блокирана платежна сметка
- Правното лице не може да врши плаќање со пресметка доколку има блокирана платежна сметка (ќе почне да се применува од 01.01.2024та).
- Буџетските корисници, единките корисници и другите корисници кои имаат платежни сметки во Трезорската сметка не можат да вршат плаќање со пресметка доколку имаат блокирана платежна сметка
Наплата во готово
Согласно лен 58 од новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РСМ.бр.151/22):
ЗАБРАНЕТО е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено
Глоби:
За ПРИМЕНА готовина над 3.000 евра (во денарска противвредност) ќе се казни со глоба:
- од 30.000 до 40.000 евра, правно лице (голем трговец),
- од 20.000 до 30.000 евра, правно лице (среден трговец),
- од 10.000 до 20.000 евра, правно лице (мал трговец),
- од 5.000 до 10.000 евра, правно лице (микро трговец).
Законот предвидува високи глоби и за одговорните лица во правните лица и уредува можност за забрана да вршат професија, дејност или должност.
Намалување на прагот за плаќање со готовина во наредните години (2024 и 2025)
Согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам:
од 1 јануари 2024 година, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги, ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
од 1 јануари 2025 година, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги, ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
ПКФ Нова консалтинг