30.03

Фактури во електронска форма (PDF)

Пропишана можност за издавање на фактури во електронска форма (PDF) 

Се пропишува  нов  член  53‐в со кој е уредена можноста да се признаваат за цели на ДДВ фактури издадени во електронскиа (ПДФ) форма

Кои услови треба да бидат обезбедени за издавање на фактури во електронска форма?

Член 53-б

Фактурата во електронска форма мора да ги задоволи следните барања:

  • да биде обезбедена автентичноста на потеклото на фактурата на начин што примателот на фактурата може недвосмислено да утврди дека таа фактура е испратена од издавачот на фактурата,
  • да биде обезбеден интегритетот на содржината на фактурата на начин што применетата технологија и процедури да оневозможуваат промена на податоците во фактурата, 
  •  да биде обезбедена читливост на фактурата, односно визуелна и разбирлива слика на издадената фактура на компјутерскиот екран или други електронски уреди на еднаков начин како и на хартија
Наведените барањата се обезбедуваат со потпишување на фактурата со примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.

Обврска за известување

Вршителот на промет, кој ја издава фактурата  во  електронска  форма  (pdf  или  друг  електронски формат)  е должен да го извести  примателот  на  прометот,  преку  електронска  пошта, електронска порака и/или на друг начин дека фактурите и другите документи ќе ги  издава во формата (pdf или друг електронски  формат). 

Вршителот на прометот кој нема да  го  извести  примателот  на  прометот  ќе  продолжи да издава фактури и други документи  во хартиена форма. Примателот на прометот  во  рок  од  10  дена  од  приемот  на  известувањето дека ќе му бидат испраќани фактури во  електронска форма (pdf или друг електронски  формат)    има  право  да  го  извести  издавачот  на фактурата дека ја одбива формата на достава на овој начин. Доколку по истекот на 10  дена од применото известување, примателот  на прометот не ја одбие формата на достава,  ќе се смета дека е согласен доставата на фактури  да  се  врши  во  електронска  форма  (pdf  или друг електронски формат). 

Право на поврат на ДДВ

Фактурите во електронска форма  (pdf или  друг електронски формат)  на примателот на  фактурата  му  даваат  право  на  одбивка  на претходниот данок согласно Законот за ДДВ.  

Фактурата  во  електронска  форма  (pdf  или  друг  електронски  формат)  мора  да  ги  исполнува барањата утврдени во член 53‐б .

Дата, 08.08.2023

ПКФ Нова консалтинг