Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка.
Премии за животно осигурување
Целиот износ на трошоци по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените добиваат третман на даночно непризнат расход за цели на данокот на добивка;
1% данок на вкупен приход
Се укинува постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари.
За микро и малите трговци и правни лица со вкупен приход до 6 милиони денари дозволен е избор за плаќање на данок на вкупен приход по стапка од 1% или данок на добивка.
Донации во спорт
Се укинува правото на намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средства на спортски субјекти врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт, согласно со Законот за спортот;
Реинвестирана добивка
Се воведуваат санкции за злоупотреба на намалување на даночната основа за реинвестирана добивка. Остануваат во примена одредбите за намалување на даночната основа врз основа на реинвестирана добивката но се заоструваат санкциите за евентуалните злоупотреби со петкратен износ на данокот на добивка што не бил платен при користење на ова право;
Трансферни цени
Се укинува обврската за задолжително доставување до УЈП на Извештај за трансферни цени (Извештајот се изготвува и се чува 10 години), односно се пропишува обврска за нивно доставување само по барање на Управата за јавни приходи. Се воведува обврска за доставување на Прилог на образец за трансферни цени „П/ТЦ“ заедно со Даночниот биланс. Овие одредби се однесуваат и на 2022 година.
ПКФ Нова консалтинг