Од 1 јануари 2025 година уште едно намалување на износот на дозволена НАПЛАТА во готовина за стоки и услуги на 1.000 евра
Од 1 јануари 2025 година: Намален граничниот износ на 1.000 евра за дозволена НАПЛАТА во готовина за стоки и услуги.
Од 1 јануари 2025 година со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник“, бр. 151/22),
ЗАБРАНЕТО е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ поголем од 1.000 евра (во денарска противвредност) во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги,
доколку со друг закон не е поинаку уредено.
Претходната забрана не се однесува на приредувачите на игри на среќа.
Сумите повисоки од дозволениот граничен износ (1.000 евра во денарска противвредност за 2025 година) за плаќање (наплата) ќе се плаќаат преку преку банка, штедилница, односно институција која дава платежни услуги.
Управата за јавни приходи во согласност со своите надлежности врши надзор врз правни и физички лица во однос на примената на забраната за готовински плаќања над закоснки пропишаниот лимит (1.000 евра во денарска противвредност за 2025 година).
Важно:
Со членот 187 од ЗСППФТ, пропишана е ГЛОБА за ПРИМАЊЕ (НАПЛАТА) на ГОТОВИНА над пропишаниот износ според следните правила:
- за голем трговец, глоба во износ од 30.000 до 40.000 евра во денарска противвредност,
- за среден трговец, глоба во износ од 20.000 до 30.000 евра во денарска противвредност,
- за мал трговец, глоба во износ од 10.000 до 20.000 евра во денарска противвредност,
- за микро трговец, глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност,
Законот предвидува и можност за изрекување на прекршочна санкција за привремена забрана за вршење одделна дејност за правното лице, како и глоба за одговорното лице во правното лице, вклучувајќи и можност за прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
20.12.2024