31.03

Обуката не е само предавање – тоа е патување што го поминуваме заедно!

Кристина Тилиќ, едукатор и ментор

Како едукатор и ментор, мојата цел никогаш не е само да пренесам знаење – туку и да создадам средина каде што секој учесник се чувствува сигурен, мотивиран и подготвен за нов почеток во светот на сметководството, даноците и финансиските извештаи.

Секоја обука ја водам со посветеност, трпение и практичен пристап. Се радувам на секое "аха!" лице, на секој напредок, на секое прашање што носи ново разбирање.

Најголемата награда ми е кога ќе ги видам моите ученици како заминуваат со самодоверба, подготвени за следниот чекор во кариерата.

Обуката не е само предавање – тоа е патување што го поминуваме заедно