31.10

До подобро работно место!

Како полесно до вработување?

Обука-Практични вештини во сметководство, даночно законодавствои контрола на ФИ

Бесплатен софтвер, прирачници...

Начин на работа на Центарот

Обуката е поделена во два модула:

Модул 1 Практично запознавање со начинот на евидентирање на настаните, запознавање со законите за ДДВ и ДД:

  • Евидентирање на сметководствени настани
  • Пресметки поврзани со евидентирани настани (амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и придонеси од плата)

Модул 2 Изработка и контрола на финансиски извештаи за три пилот компании:

  • Контрола на салдата на сметките и логичка контрола на процедури на евидентирање
  • Изготвување на пријави за данок на додадена вредност и даночен биланс за данок на добивка
  • Изготвување на финансиски извештаи за пилот компаниите
  • Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност.

Фреквенцијата на одржување на обуката е два пати неделно  во траење од два месеци.

Специфика на Центарот за обука е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно пишува, визуелизира, објаснува при што несебично го пренесува своето знаење и богато искуство. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето.

Секој учесник работи самостојно, и има можнот сам да ги  изготвува и контролира финансискиизвештаи со користење на софтвер снимен на USB.

За кого е наменета обуката?

„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да имаат подобро работно место во финансиските сектори. 

Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. 

Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата.

вели Кристина Тилиќ, менаџер на Нова консалтинг и едукација.


 Текстот е објавен на  WWW.FON.EDU.MK  –  WWW.FON.EDU.MK/SOOPSTENIE.ASPX?CID=261