Со примена од 01.01.2019 законодавецот предвидува примена на
Прогресивни даночни стапки од 10 и 18%, за следните видови на приходи:
За доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, и
Единствена стапка од 15% за:
За доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход,
ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД
ГОДИШНО
Со членот 2 од предлог Законот е пропишано дека данокот на личен доход ќе се плаќа годишно на збирот на доходот од сите извори, освен на доходот што е изземен од оданочување со овој закон.
АКОНТАЦИЈА
Ааконтација на данокот на доход по одбивка се пресметува и плаќа за следните видови доход:
1) доход од работа;
2) доход од авторски и сродни права;
3) доход од продажба на сопствени земјоделски производи, ако исплатувачот на доходот води деловни книги;
4) доход од закуп и подзакуп, ако исплатувачот на доходот води деловни книги;
5) доход од индустриска сопственост;
6) доход од капитал;
7) добивките од игри на среќа
8) доход од осигурување и
9) друг доход, ако исплатувачот на доходот води деловни книги.
Аконтацијата се плаќа по поднесена електронска пресметка од:
- исплатувач (преку е‐ПДД),
- физичко лице или
- врз основа на решение на органот за јавни приходи.
Износот на платениот данок аконтативно се одбива од пресметаниот годишен данок на доход.
За кои видови доход пресметаниот и платениот данок се смета за конечно намирена обврска?
Платена аконтацијата на данокот на доход од:
- закуп и подзакуп (ако исплатувачот на доходот води деловни книги),
- права од индустриска сопственост,
- капитал,
- игри на среќа,
- осигурување и
- друг доход
пресметана на соодветно утврдена даночна основа со примена на единствена стапка од 15% е конечно намирена обврска.
продолжува...