Предлог измени во закон за готовински плаќања со примена од 01.01.2019 ИзмениСо предлог измените на овој закон фискална сметка нема да се издава во моментот на предавање и плаќање на доброто во следниве случаи: 1) трговија преку посредници или дистрибутери, кога даночниот обврзник фискалната сметка ја издава на дистрибутерот, кој е должен да ја врачи на купувачот при плаќањето на цената на доброто 2) вршење на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата, кога фискалната сметка се издава на корисникот на услугата во моментот на извршување на услугата, односно со секое предавање на храна и пијалоци Предвидена е глоба од 2.000 евра за правното лице ако не се почитува обврска од точка 2 и 30% од таа одмерена глоба за одговорното лице како и глоба за физичкото лице кое врши самостојна дејност од 200-300 евра Даночниот обврзник при издавање на секоја фискална е должен точно да ги внесе податоците во фискалната сметка за опис и количина на прометот на добро, односно услуга, како и задолжителниот опис на плаќањата или делумните плаќања (во готово или со платежна картичка). За непочитување на оваа одредба се воведува глоба од 2.500 евра за правното лице, 250-375 евра за физичкото лице кое врши самостојна дејност и за одговорното лице 30% од одмерената глоба за правното лице Нов предлог член 10-а -Не е дозволено издавање сметка за сторна трансакција на: 1) вршење на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата 2) на игри на среќа во обложувалници уредени согласно закон 3) кон издадената сметка за сторна трансакција треба да се приложи фискалната сметка која се сторнира За непочитување на одредбите од точка 1, 2 и 3 предвидена е глоба за правното лице од 2.500 евра, 30% од оваа глоба за одговорното лице и 250-375 за физичко лице вршител на самостојна дејност. |