Задоволството, амбицијата, мотивираноста, самодовербата, инпирацијата, се чувства кои остануваат кај посетителите на тренинг центарот на Нова Консалтинг по завршување на обуката!
Од целата обука сум лично презадоволна и топло би ја препорачала на секој кој сака да го продлабочи своето знаење во сметководството или пак сака да промени професија.
Часовите се интересни, интерактивни и добро организирани. Знаењето ќе ми користи за мојата понатамошна стручна определба и надоградба бидејќи би сакала да продолжам и на напредната обука во иднина. Методот на учење е многу практичен, Кристина темелно објаснува и умее да поттикне на работа и учење. Презадоволна си заминувам со желба повторно да се вратам. :)
Ви благодарам!
М.В. персонален асистент на ЦЕО во Македонски Телеком
Обуката беше сеопфатна, а предавањата лесно разбирливи што секако придонесе кон збогатување на моите знаења и вештини, односно личен развој. Методот на учење се состои во голем дел во практично работење на реални проекти па тоа ми овзоможи да ги надополнам моите предзнаења во областа, односно да се оформам во оваа професија.
Она што ќе ми остане како придобивка се подобрените аналитичките знаења и вештини, а како сеќавање се разбира убавото дружење и добрата комуникација.
А.А. Менаџер за поддршка на проекти (логистика, проверка и контрола на финансиски документи) во Фрејсинет и компани
Оваа обука ме научи на тоа што навистина претставува сметководството и на неговото значење за работењето на еден бизнис. Работејќи и навлегувајќи во материјата, увидов дека се работи за една многу корисна наука која е суштинска за бизнисот и ме поттикна и понатаму да работам на својот професионален развој во насока на изучување на оваа струка.
Професорката постигна да и јас и моите колеги ги засакаме финансиите и сметководството, а од целокупниот систем на работа сум презадоволна. Методологија, практичното работење за време на часовите, но и проектните задачи за дома.
Т.Н. сметководител во ББГ ДООЕЛ Скопје
Со оглед на тоа што како психолог немав никакво предзнаење од оваа наука, на почетокот на обуката бев многу скептична дали ќе успеам да го совладам материјалот.
Меѓутоа, организацијата на целокупната програма и начинот на кој професорката умее да го пренесе знаењето е за восхит. Мене лично оваа обука ми донесе многу повеќе од вештини за работа.
Едноставно, се чувствувам дека се пронајдов себе си на ова поле и можам да се видам како иден сметководител.
Ј.К.