01.05

Формула за успех!

Нашиот успех се нашите ученици!

За еден предавач нема поголемо задоволство од чувството дека успеал да ја пренесе својата енергија, мотивираност, знаење на учениците! - Кристина Тилиќ.

Задоволството, амбицијата, мотивираноста, самодовербата, инпирацијата, се чувства кои остануваат кај посетителите на тренинг центарот на Нова Консалтинг по завршување на обуките. 

За жал брзо поминува времето. Се разделивме со уште една група ученици кои своите импресии ги споделуваат со сите нас.

Пред се, едно големо благодарам за прекрасните два месеца кои ги поминав со Вас.  Два месеца во кои ми  ја поттикнавте желбата за сметководство. Два месеца во кои несебично ми беше пренесено огромно знаење во врска со правилата, начините и насоките за сметководството. Два месеца во кои запознав личност којашто има толку многу љубов, жар, напорна работа и напредок  во професијата- формула за успех,треба да е !?!?

Покрај што научив книжења,(влезни, излезни фактури,изводи), начини на работење финансово, материјално, благајничко, магацинско...  научив и три битни  'приказни' , За да станам успешен сметководител, кои ми оставија впечаток. Тоа се следниве:

  • За да станам успешен сметководител, треба да си ја ценам професијата, да работам во рамки на Законот, да бидам објективен и чесен (сметководителот врши поврат на ДДВ, сметки за гориво од службено возило ги прикажува како за товарно.-Зошто го правите ова, не е според закон?- Па во интерес на газдата, да го поштедиме.-Според ова, можете да добиете парична казна, многу е веројатно после тоа да изгубите работа, и да си го изгубите угледот на успешен сметководител-каде е тука Вашиот интерес?).
  • За да станам успешен сметководител, треба да научам да мечувам со приходите и расходите (мечувањето го разбирам како вештина, а за да совладаш некоја вештина според мене, потребно е: време, силна желба,континуирани и напорни тренинзи).
  • За да станам успешен сметководител, всушност и не е толку тешко, се што треба да научам е дека секоја компанија си има своја приказна и само треба да ја разбереме приказната.

 - С.В. сметководител во ПИ Финанце

20.04.2019