Пред почетокот на мојот прв час со Вас, бидејќи не сум од економската бранша си помислив дека воопшто нема да се вклопам и дека многу потешко ќе ми биде да Ве разберам.
Но, Вие мене ме оставивте без зборови, толку концизно, детално се трудевте да објасните на сите нас секој час.
Одвојувавте време за секој од нас и јас толку чисто Ве разбирав, што дури почнав да се гордеам од самата себеси, а сето тоа е поради Вас.
Ви благодарам од се срце, што ме научивте повеќе работи, од што јас самата мислев дека ќе ги разберам. За мене ова беше посебно, необјасниво, убаво искуство. Ви благодарам што обуката сте ја прилагодиле и за нас, од останатите бранши – ме воодушевивте како жена – Секое добро.
P.S. Многу се радувам што успеав. благодарение на Вас.
-А.Г. дипломиран правник, магистерски студии-кривично право
Прекрасен предавач!
Предавањата се исклучително интересни, бидејќи предавањата не се сувопарни, туку објаснети со примери, се со цел да се објаснат и да помогнат на учесниците.
Материјалот е концизен и практично применлив.
-С.П. администратор во САТ ТРЕЈД