Драга Кристина,
Задоволство ми е што сум дел од пријателите на едукативниот центар Нова консалтинг и Ви честитам за 10 годишното постоење, успешна работа и развој.
Ви благодарам што ги споделивте Вашите вештини, стручност и знаења како висококвалификуван, професионален едукатор и придонесовте за мој личен и професионален развој.
Голема чест и задоволство ми е што сум Ваша ученичка и што бев дел од часовите исполнети со позитивната енергија, дружење, учење, мотивираност и ентузијазам.
Ви благодарам што продолживте да ја поттикнувате нашата еуфорија и желба за постојан напредок и развој со прекрасниот подарок од знаења (е-книга: Прирачник за практична примена на Законот за данок на личен доход).
Горда сум што имам пријател како Вас и Ви посакувам успешна работа и развој уште многу години.
-Слаџана Ќуиќ, магистер по економски науки