13.10

Ги срушив стереотипите кои тврдат дека сметководството е досадно!

Обукава беше и повеќе од корисна!

Досега учев и читав само теорија, а сега сето тоа ми е замислива реалност.

Уживав во сметководството, и ги срушив стереотипите кои тврдат дека истото е досадно. Се запознав и со законите, кои се всушност и составен дел од нашето секојдневие.

Предавањата беа јасни, конкретни и достапни. Работев на конкретни проекти и истовремено запознав нови луѓе. Амбициозни, дружељубиви и вешти. Вистинска инспирација и поттик за понатамошни успеси и достигнување.

Ви благодарам!

-Р.К. студент на Економскиот фактултет Кирил и Методиј, смер-сметководство и ревизија



На обуката дојдов со убедување дека книговодството е тешко да се научи на средни години.

Нова Консалтинг и Кристина Тилиќ го променија тоа мое убедување.

Пристапот и методот на Кристина ги надмина моите очекувања, а посебно нејзиниот енергетски капацитет ме инспирираше во текот на предавањата, а и после тоа.

-С.Н. шпедиција, Интереуропа



Одлично организирани часови, комбинација од теорија и пракса. Директно книжење во програма, преку анализа на реални документи.

Пријатна атмосфера со колегите.

-А.Ч. премиски сметководител, Винер осигурување