17.11

Оваа обука ми ја врати вербата дека сеуште се цени квалитетот и дека секогаш има простор за квалитетни луѓе во Македонија...

Нема поубаво дружење од она кое вклучува тимска активност, а истовремено значи личен развој. На убавите мигови, се присетуваме со малку носталгија...

Тоа не е тага која боли, тоа е тага која ни ја полни душата, бидејки вие сте побогати со знаење, а јас исполнета со радост и чувство дека вие сте задоволни од постигнатите резултати!

Коментари од учесници:

Оваа обука ги исполни сите мои очекувања, дури и повеќе од тоа. 

Ми ја врати вербата дека сеуште се цени квалитетот и дека секогаш има простор за квалитетни луѓе. 

Посебен впечаток ми остави предавачот, со своето искуство и човечност.

-С.А. Фонд за иновации и технолошки развој

Во текот на моето работење се сретнувам доста со сметководствени работи, за кои немав никаква претходна подготовка, а ни знаење. Кога почнав да работам на внатрешното сметководство во организацијата ми беше многу тешко, бидејќи јас ги правам сите операции, но не знам како е дојдено до нив и зошто баш тоа така го работам.

Обуката ми помогна да ја сватам суштината на сметководството, како правилно да се работи и како да се прават контролите во главнта книга, аналитиката...

Благодарам Кристина и благодарам Нова Консалтинг.

-Д.Ѓ.  Финансиски менаџер, Здрушение на граѓани ИРЗ Тетово


Уште од првите чекори на мојата кариера бев во потрага на ваква обука која ќе ги задоволи сите мои критериуми.  Седум години барав обука кој ќе ми овозможи брз развој и напредок. 

И сега, после два месеци, задовола сум и инспирирана од Вашата совршеност, знаење и посветеност.

Ви благодарам најмногу за Вашата посветеност и верувам дека ке ми биде корисно за цел живот.

- М.Б. Финансиски сметководител, Доган Фриго ДООЕЛ



Иако многу работи ми беа познати од областа на сметководството, се изненадив што се стекнав со многу нови сознанија: контроли, софтверска логика... 

Од методот на учење сум пре-задоволна, пред се поради практичниот пристап, многу тестови, и работа на реални проекти. 

За предавачките способности на професорката бев однапред запознаена. Само пофални зборови!

Со нетрпение го очекувам наредниот курс!

-М.Ј. сметководител, Голден Арт 

За време на овој курс имав можност да ги проширам моите постоечки знаења од областа на сметководството и да научам многу од еден докажан и компетентен предавач како што е Кристина. 

Сфатив дека сметководството е многу логично во пракса, сето тоа поткрепено од работните материјали и проектите. 

Можам со голема самодоверба да кажам дека овој курс допринесе до мојот личен, како и професионален развој и би го препорачал на секој кој во иднина се гледа во допир со бизнис светот.

Ви благодарам Нова Консалтинг! 

-С.Ј. студент, Економски факултет, сметководтсво и ревизија