Во врска со обуката би можела да кажам дека целосно допринесе во мојот личен развој. Материјата и методот на учење беше сеопфатна и во целост па ги задоволи моите очекувања. Групата со која ги следевме овие предавања беше одлична, работевме како еден тим.
Голема благодарност и само пофални зборови би можела да кажам за предавачот на обуката Кристина Тилиќ која со нејзиниот метод на предавање целосно не доближи во сметководството.
Ми беше чест и задоволство што бев дел од оваа обука.
-Мартина Бошеска, Административен асистент, ИОРРМ
Пристапот и методот на предавање ги задоволи моите очекувања.
Особено ми помогна проектот кој ние, учениците, го работевме дома: “Комплетно сметководство на пилот фирма”,
со изготвување на главна книга, ДДВ пријави, аналитика, магацински картици...”. Пристапот на проектот помага да навлеземе во суштината на сметковоството и да се посветиме на контролите на салдата на контата.
Обуката ќе ми помогне во мојот професионален развој и мислам да ја продолжам со напредниот дел од обуката.
- Стефан Христовски, Оперативен менаџер, Бебел Тојс ЛТД
Оваа обука ми помогна во мојот дополнителен развој. Пристапот и методот на учење ги задоволи моите очекувања и ми помогна во работата која ја работам.
Имаше убава работна атмосфера, се развија пријателства и нови контакти кои ќе се одржуваат.
- Слаѓана Манојловска, Административен асистент, Бебел Тојс ЛТД
Оваа обука допринесе за мојот личен развој, ги исполни моите очекувања. Во сеќавање ќе ми останат колегите од групата како и предавачот Кристина и позитивната атмосфера.
Целокупната обука со тестовите и проектите за дома допринесе за на крајот да се стекнеме со големо знаење од сметководството.
- Емир Оскакач, Невработен
Обуката придонесе за зголемување на моето знаење, како теоретско така и практично.
Секој дел од обуката беше јасно, прецизно обработен и прикажан од нашиот предавач.
Целокупната атмосфера придонесе за одлично слушање на предавањата.
100% задоволна.
- Анета Балоска - Грданоска, помошник шеф, Продавница