Драги пријатели,
Некои помалку, некои повеќе, но пандемијата не погоди сите. Ја погоди економијата, бизнисите, пазарот на труд, слободата на човекот, нашите индивидуални цели и стремежи. Ниту едно домаќинство не остана поштедено од оваа глобална закана.
Како мерка на безбедност, едукативниот центар прекина со настава се додека не се создадат услови во кои здравјето нема да ни биде на ризик. За групите кои беа отпочнати во Март, организиравме училница на отворено со индивидуална опрема за секој ученик поставени на соодветно растојание. За жал временските услови повеќе не ни дозволуваат да организираме настава надвор.
Правиме напори да обезбедиме поголем простор со соодветна вентилација и услови за безбедност со цел да отпочнеме со едукација во Јануари. До тогаш, ви посакувам пријатни фамилијарни мигови и лични успеси.
-Кристина