21.11

Сметководство се работи со желба и волја!

Обуката по сметководство беше перфектна. Ова е мојот став кој ќе го поткрепам со аргументи. 

Едно од многуте нешта што ми оставија впечаток е идејата да размислуваме сами и да се трудиме самите ние да си ги откриеме грешките. Многу ми се допадна практичноста од курсот, која што беше цело време присутна. 

Целиот курс беше целосно организиран во најдобра смисла, дури и во услови на корона беа запазени сите протоколи за работа. Можам само се најдобро да кажам за NOVA KONSALTING, а пред се голема благодарност до прекрасниот ментор Кристина Тилиќ. Пред се благодарност до начинот како да го засакаме сметководството и да го работиме со желба и волја.

Ви посакувам се најдобро!

-Викторија -  сметководител, СИЗ МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ-АМЕРИТ


Кристина е одличен предавач и организатор, успеваше да создаде натпреварувачка и динамична атмосфера! Ми беше задоволство да присуствувам на часовите кои ги одржуваше.

Практичниот дел од обуката овозможува да се стекне самодоверба во однос на стекнатото знаење.  Оваа обука ја препорачувам за сите оние кои сакаат да го освежат своето знаење, доколку во меѓувреме работеле нешто друго што ги одалечило од сметководството кое го учеле на факултет. Но, и тие што се среќаваат за прв пат со сметководството ќе успеат да ги совладаат  основните вештини.

 -Биљана, Стручен соработник, СИЗ Македонија сообракај- АМЕРИТ 


Ви благодарам многу за несебичното споделување на Вашето знаење со нас. Прекрасно организирани часови.

Благодарание на курсот извршив големи промени во начинот на работењето на нашата семејна компанија. Сега сме многу поорганизарани и работите ги извршуваме поефикасно и поекспедитивно.

Прекрасно искуство со Вас!

Се надевам дека побрзо ќе се видиме на Сметководство 2

- Кристина, администрација, Прима Лифт ДООЕЛ Скопје


(19.10.2020)