23.06

Тие што немаа знаење- научија, тие што малку знаеја- сега знаат повеќе!


Дисциплина, истрајност и строгост, но со една огромна доза на позитивна енергија и страст кон науката. 

Изминатите месеци тие што немаа никакви познавања од Сметководството - научија, тие што малку знаеја - сега знаат уште повеќе. 

Исклучително посветен тим со една крајна цел - да ни вродите знаење кое никогаш нема да избледи од нашите глави. Подеднакво беа убави моментите и кога ќе не пофалевте и кога ќе не искритикувавте. 

Ви благодарам за посветеноста и желбата да ни го пренесете сето знаење што го поседувате.

 -Теодора Додевска, Сектор за јавни набавки во ФПИОСМ


За обуката во Нова Консалтинг можам да кажам само пофални зборови.  Уште од самиот почеток на обуката се почувствува професионалноста, организираноста и посветеноста на Вас и Вашиот тим.

Јас лично сум воодушевена од Вас, пред се како човек и како предавач, од Вашата посветеност кон нас како ученици, од Вашето несебично пренесување на знаењето, со таква желба и истрајност да научиме сите, со повторувања, тестови и проекти, за и тој што е почетник во сметководство да ја разбере суштината и да може да работи понатаму во таа област .

Од првиот час знаев дека сум на правото место .

Обуката во Нова Консалтинг ми ја зголеми самодовербата и сигурноста во работењето, ми помогна во побрзо совладување на работните обврски и ми даде поголема организираност. 

И што е најважно, од обуката си заминуваме со знаење.

- Наташа Огњановска, Економист во Зенитх Интернационал дооел


Ја препорачувам оваа обука за секој кој сака да научи сметководство и ги охрабрувам и оние кои немаат поврзано образование со оваа проблематика а имаат потреба од истата да се приклучат без сомневање дека ќе постигнат успешни резултати. 

Менторот е крајно професионален и дава се од себе да го пренесе своето знаење на учениците, а воедно покрај "занаетот" пренесува вредности како дисциплина, етика, упорност, истрајност, самокритичност, око за детали, аналитичност...

 

 - Адвокат Бојана Георгиевска Марковска

- Дата, 21.06.2021