25.06

Секоја минута од едукацијата - максимално исполнета и интересна!

Денес за жал е последен ден од едукацијата која што со големо задоволство ја посетував и многу ми е драго што го одбрав токму вашиот тим за мојата едукација. Би сакала пред се’ да Ви се заблагодарам на Вас Кристина, најпрво на љубезноста и професионалноста што несебично го делевте вашето знаење со нас, во кое што максимално  вложувавте труд да не едуцирате. 

Секоја минута од едукацијата ни беше максимално исполнета и не не остававте ни најмалку без активност и интеракција. 

Мој впечаток е дека сите си заминуваме до знаење, задоволни и исполнети. На Марија и се заблагодарувам на љубезноста и професионалниот однос во текот на целата едукација. Ви благодарам и најдлабоко се надевам на понатамошна соработка со вас.

Од срце 

- М.Т. Администратор во  БЕНЕКС ДООЕЛ Скопје


Почетокот ми беше тежок и стресен дури сакав и да се откажам, се плашев дали ќе разберам и научам, од причина што во групата речиси сите беа економисти или слушатели кои веќе се работат, а јас претпоставував дека ќе бидам со почетна група.

Како поминуваа часовите, јас сфатив дека треба повеќе да вложам труд дома со цел да се вклопам  го групата. Се трудев, се и борев и успеав благодарејќи на вашето охрабрување дека сум се подобра и подобра. Научив нешто ново, се надоградив и горда сум на самата себе.

Вашата строгост, имаше голем удел во тоа. Ни ни дозволивте да се опуштиме, односно вие допринесовте да го доживееме обуката како сериозен процес на наше усовршување.

Почнав од нула, а сега можам да се пофалам дека научив многу од Вас. Ви благодарам на Вашиот труд што го вложивте кон сите нас. Веќе на последните часову на сите ни беше јасно дека од оваа обука ќе излаземе со многу ново знаење.

 - Ј.Т.

Ова за мене беше едно посебно искуство и дружење, иако зад камерата. Часовите ми беа преисполнителни и интересни, содржините пренесени на најдобар можен начин. Покрај тоа што се стекнав со нови знаења, се стекнав со поголема самодоверба за веќе постоечкото работно место. 

Во мигот кога се најави блискиот крај на обуката станав свесна дека уживав во неа и дека ќе ми недостасува. 

Еден ден повторно би сакала да земам учество на обука организирана од Нова Консалтинг.   

-Г.И. Помошник сметководител во Стожак ДОО Охрид

Јас сум Ви благодарна што не се откажавте од мене за Ваш ученик. Бев збунета, дури и изгубена. Во секој случај, кога одлучив да се приклучам во Нова Консалтинг и да присуствувам на Вашите предавања за кои немав никакво познавање и прв пат се сретнав со ваков облик на едукација, за мене беше тешко.  

Вие сте неисцрпен извор на знење, кое  несебично го делевте со нас. Јас сум Ви од се срце благодарна, свесна сум дека имам уште многу да учам, а сепак можам со радост да кажам дека од Вашиот едукативен центар си одам како друга, посамоуверена личност. 

За тоа сум благодарна на Вас и Вашиот тим, кои бевте за нас најдобри учители. 

- А.С.

Дата, 25.06.2021