23.08

Клуч за успех

Интервју со Марија Мидовска Петкоска - доктор на економски науки од област менаџмент - учесник на ONLINE обука 

Марија, иако по струка е доктор на економски науки од област менаџмент работи како администратор на испити при економскиот факултет во Прилеп

Како се појави желбата да учиш сметководство?

Работам како администратор на испити и референт за трет циклус студии и сум лиценциран судски вештак од областа на економијата. Досегашното мое образование беше насочено кон маркетингот и менаџментот. Сметководството го разбирав, но за мене беше досадна професија.

А желбата сега ... пред се од желбата да започнам да работам сопствен бизнис и од потребата од добри сметководители на пазарот на труд. 

Веќе неколку години размислувам за започнување на сопствен бизнис, но никако да се решам да го направам тоа. При разговорите со мои познаници често се случуваше да се пожалаат од оние кои им го водат сметководството. Така почнав да размислувам за сметководството како нешто што можам да го работам и да бидам најдобра во тоа. За мене ова е предизвик. Постоеше несигурност во мене дали ќе можам и дали ќе успеам да го работам тоа, но Кристина ми ја даде храброста која ми недостасуваше да направам промена на кариерата. 


Што мислиш колку е важна надоградбата во образованието компанија?

Надоградата во образованието е клучна за секој успех. Тоа е инвестиција во себе која ве движи напред. Како кога возите велоспиед, се додека вртите на педалите вие се движите, кога ќе престанете да вртите, застанувате и паѓате. 

Секој оној кој сака да успее мора да се надоградува како професионално, така и приватно. На секоја компанија и се потребни вработени кои знаат, вработени кои се во тек со новите случувања и кои можат да дадат решение на проблемите во компаниите.

 

Како би се опишала себеси со 3 збора?

Авантурист, филантроп, скромна. 



Работата често знае да биде стресна и исцрпувачка, од каде енергија?

Од спортот, главно оние екстремните спортови. Она што ме исполнува, мотивира и ми дава сила се спортските активности кои често ги практикувам. Сакам да искусувам нови доживувања. 

Имам неколку пати летано со параглајдер, туристички авион, нуркано. Моментално уживам во кајакарењето, стрелаштвото, возењето мотор и планинарењето. Како и образованието сметам дека и ова е инвестиција во себе.  



Опиши го твоето искуство со Нова консалтинг

Искуството со Нова консалтинг за мене е прекрасно и тоа од првиот телефонски разговор со Марија кога собирав информации пред да одлучам да се запишам на обуката, па се до последниот час – разделбата на која се почуствував како да се разделуваме од класната која не водела 4 години

Јас обуката ја започнав со една група, но поради раѓањето на мојот втор син морав да прекинам и да продолжам подоцна со друга група и имав можност подолго да се дружам со тимот на Нова консалтинг кој е крајно професионален. 

Концептот на обуката е направен така што ги опфаќа сите аспекти на сметководството, слушателите се поттикнуваат сами да најдат решение за дадените настани и на крај најбитното и најомиленото на Кристина контроли, контроли, контроли преку кои со сигурност ќе знаете дека сте научиле сметководство. 

На секој оној кој се двоуми дали да ја посетува обуката, топло му препорачувам воопшто да не размислува за тоа.

Дури и на оние кои не размислуваат воопшто за обуката им препорачувам да ја следат, ќе ви отвори нови погледи кон сметководството, но и животот. 

 

Што е она по што ќе ги паметиш менторите од Нова консалтинг.

Професионалноста пред се! Понатаму огромната посветеност во работата со страст, искрената желба на сите учесници да им се пренесе знаењето, позитивната строгост која ни го држеше внимението постојано. Широчината на знаењата и отвореноста кон работите. И најважно мотивацијата и охрабрувањето кое ни го даваше Кристина дека можеме да успееме.



Огромна благодарност до целиот тим на Нова Конслатинг за целокупното искуство со нив. Пофалби за концептот на работење.

Благодарам што постоите и го давате знаењето кое ни е потребно!


Прилеп, 21.08.2021