28.08

Алманах Јули 2021/2

Наде

Затворена и срамежлива, но тоа не ја спречува во нејзината реализација и амбиција.  

Што вели Наде за обуката за сметководство во Нова консалтинг?

Искрена благодарност до тимот на Нова Консалтинг за успешната обука која овозможи надоградба на моето познавање на сметководството.

Посебно сум фасцинирана и имам само пофални зборови за главниот предавач Кристина Тилиќ, која на уникатен начин со одмерена строгост, упорност , несебичност и мотивација успеа да ни пренесе огромни знаења.

Препорака за секој кој сака да научи сметководство, да го надогради своето знаење Нова Консалтинг е вистинското место за Вас.

Се гледаме на некоја наредна обука


Стефи

Срамежлива по природа, и иако не сака да се наметнува, нејзиниот труд секогаш успева да ја истакне нејзината вредност.

Што вели Стефи за обуката за сметководство?

Лично сум многу задоволна од обуката. 

Обуката во Нова конслатинг е пример како треба да изгледа обука за сметководство. 

Имавте премногу трпение за нас и енергија за да ни го пренесете сето знаење нам. Ви благодарам пред се. Начинот на предавање ги надмина моите очекувања. Сите ние, ученици, не ни замислувавме дека ќе заминеме со огромно знаење од областа на сметководство. 

Најдобри сте!



Валентина

Желба и жед за повеќе знаење. Цврсто стои на темелите на незјината упорност. Секогаш активна и спремна несебично да го сподели знаењето со другите.

Што вели Валентина за обуката за сметководство во Нова консалтинг?

Сакам да Ви се заблагодарам за искажаниот професионализам (стручност и трпеливост) со што придонесовте за мој личен и професионален развој.

Ви го изразувам моето задоволство што бев член на групата која Вие ја обучивте и исполнивте со стручен и професионален однос кон работата и професијата. 

Големо БЛАГОДАРАМ!



Еми

Без никакво предзнаење во областа, малку страв од непознатото, Еми декажа дека само со добра цел се постигнува успех.

Што вели Емилија за обуката за сметководство во Нова консалтинг?

Нова Консалтинг и едукација, за мене од непознато направи мотивација. 

Со максимална концентрација и внимание, секако многу лесно се доаѓа до нови знаења и образование во областа на сметководство. Професор Кристина неуморно и вешто даде се од себе да ни го пренесе знаењето.


Дата, 28.08.2021

Нова консалтинг и едукација