15.11

Александра Димитриевска, финансов раководител на Голден арт

Интервју со Александра Димитриевска, раководител на финансов сектор во Голден Арт


Александра, по струка си дипл. економист, пред 7 години ја посетуваше обуката за сметководство, основна и напредна во Нова консалтинг. Што работиш сега?

Денес работам како финансов раководител во една од најпрестижните компании во Македонија, ГОЛДЕН АРТ. Се секавам на првиот состанок со директорот на Голден арт, пред 7 години, кој го организираше Кристина во просториите на Нова консалтинг. Уште истиот ден Кристина ме информираше дека од следниот ден ме очекуваат на работа во Голден арт. Среќна сум и задоволна што денес сум меѓу најпрогресивните вработени во оваа компанија, а уште позадоволна ме прави фактот што три години ја добивам наградата за најдобар работник во Голден арт.


Имаш ли чувство дека си сигурна во тоа што го работиш имајќи ја во предвид состојбата во Македонија со инспекции, ревизии..?

Се чувстувам прилично сигурна во мојата работа, односно моето знаење. Поседувањето само на диплома ни најмалку не е доволно. Сите сме свесни дека успехот на работното место не започнува со вработувањето, тоа е многу сложен процес каде е потребна доквалификација преку обуки, курсеви и максимално вложување во професионалниот развој. 

Мене тоа ми го овозможија обуките во Нова Консалтинг. Со основниот курс стекнав самодоверба во работењето, а со напредниот веќе се изградив во професионалец.

Во однос на сигурноста ќе го додадам и следното: доколку имам било каква дилема во работата, Кристина секогаш e спремна да ми пружи поддршка и помош.


Кој е патот до успешен финансов раководител?

Работа, повеќе работа и љубов кон работата. Доколку си на позиција како мојата, раководител на финасовиот сектор, многу работи се клучни: да ја сакаш фирмата во која што работиш, да се ангажираш максимално, да создадеш добар тим, да си на располагање за сите вработени, да се надоградуваш постојано и да ги почитуваш принципите на компанијата. 


Што те прави среќна во приватниот живот?

Мојата најголема среќа е мојата керќа Ника. Секој слободен миг го поминувам со нејзе. Таа ми го исполнува денот, ме мотивира за нови успеси и нови перспективи во животот. И се радувам на секој нејзин чекор, насмевка, на нејзиното мало испруженото раче кога бара да се шетаме. 

 



Дата, 15.11.2021

Скопје