31.03

Првиот чекор кон сигурна кариера започнува со знаење!

Од мое лично искуство, можам со сигурност да кажам дека оваа обука е одличен почеток за секој што сака да навлезе во светот на сметководството, и контролинг. Содржината е многу јасна и разбирлива, дури и за некој што првпат се среќава со поимите и процесите како книжење, даноци и финансиски извештаи.

Материјалот се совладува преку активна настава и со малку дополнително вложено време дома. По завршувањето на обуката, заминавме со солидна основа, одговорени прашања и подготвеност за понатамошен развој.

Нашиот предавач, Кристина Тилиќ, ни посвети внимание во секој момент – со огромна трпеливост и посветеност. Освен што научивме многу, успеавме и убаво да се дружиме во текот на паузите. Благодарна сум за ова искуство!

Мартина Китановска, 31.03.2025