Имајќи го предвид професионалниот профил на нашиот предавач Г-ѓа Кристина Тилиќ на оваа обука дојдов со големи очекувања, за кои однапред знаев дека ќе бидат исполнети.
Предавањата беа одлично концепирани. Комбинацијата од теорија и пракса, работа на практични примери и на реални проекти е она што прави разлика и додава вредност во професионалниот развој на учесниците.
Искуството, стручноста, непосредниот и позитивен став на Кристина овозможија будно да ги следиме предавањата и да учествуваме низ целиот процес на едукација, како и да се издигнеме на едно повисоко ниво. Кристина ни отвори еден нов поглед кон сметководството што не се сотои само од книжења, туку нѐ научи како на едноставен начин да ги спроведеме сметководствените контроли, да сфатиме што се случило или не во позадина, што е многу битно и за мојата професија како внатрешен ревизор.
После оваа обука освен знаење ќе понесам и едно позитивно искуство, прекрасно дружење и идни пријателства и соработки. Дефинитивно направив одличен избор.
Ѝ благодрам на Кристина и на тимот на ПКФ Нова консалтинг, со надеж за понатамошна соработка и едукација.
Татјана Веселинова Аргировска, Овластен внатрешен ревизор во јавен сектор